речник контакт

Монодрамата ,,Господ е жив,, недела во Велес

Авторски и автобиографски проект на актерката Драгана Босниќ

Петар Печков

Монодрамата „Господ е жив“, авторски и автобиографски проект на актерката Драгана Босниќ, ќе биде изведена на 19 март во 20 часот на малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес.

Претставата е на српски јазик и е дел од проектот за културна поддршка на српското малцинство во Република Македонија. Босниќ рече дека во претставата е обработена личната приказна на 40-годишна жена, која по два брака во две држави, останува без работа и е во безизлезна ситуација.

Во еден момент додека е во дупката, ја прифаќа подадената рака која што ја извлекува од мракот кон светлината, посочи Босниќ.

Драгана Босниќ е дипломиран актер. Родена е во 1967 година, во Војводина. Актерска игра запишува и дипломира на „Академијата за уметност” во Нови Сад, во класата на проф. Петар Баниќевиќ.

Професионалната актерска кариера ја почнува во Нови Сад, а потоа во рамки на професијата игра на сцената на Народниот театар во Сомбор, еден период во Народниот театар „Непсинхаз“ во Суботица, а потоа во КПГТ Белград, од каде доаѓа во Скопје.

Таа настапува на сцената на Драмскиот театар, на Македонскиот народен театар во Скопје, како и во Кумановскиот театар. Вработена е во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »