речник контакт

Мотелот Македонија пред отварање

Тој ќе биде место за одмор на илјадниците странци кои се на минување низ Македонија. Но и место каде засега ќе се вработат 30-тина велешани. Сопственикот најавува наскоро изградба на единствен Аква парк и затворен пливачки базен

Петар Печков

Мотелот Македонија повторно ќе оживее и ќе биде место за одмор на илјадниците  патници кои минуваат по автопатот Куманово –Гевгелија и обратно.  Пет години откако е продаден и осум како не работи, тој наскоро повторно ќе ги отвори вратите за бројните туристи  кои се на пропатување низ Македонија.

Мотелот беше и остана најголем и единствен сместувачки објект покрај автопатот, место каде можат да здивнат дел о патниците кои возат по блискиот автопат. Со ова по долги години е симнат еден од проблемите, како барем за час да се задржат, дел од милионите странци кои се само на минување низ Македонија. Мотелот ќе биде отворен за десетина дена а моментално се екипира со персонал.
         
 Со овој мотел сакаме да ја пополниме празнината на туристичката понуда, во должина на автопатот.   Се потрудивме да го направиме европски, модерен објект со македонски цени на услугите. Тој ќе биде достапен за секој што минува по автопатот да се одмори, да се освежи, јаде, Малку се оддолжи неговото отворање, но сепак тоа беше значајна инвестиција – вели  Мите Јовановски сопственик на мотел Македонија и ланецот бензински пумпи ,,Макоил,,. 

Мотелот има  35 соби со 75 легла во едно, две и три креветни, повеќе летни тераси за 400 гости и ресторан за 500 посетители. На гостите им е достапен и авто -камп, со комплетна инфраструктура, кој  има 80 парцели. Од нив, како и од целиот објект, кој е во стар македонски стил со чардаци, тераси, се пружа прекрасен поглед кон реката Вардар и целиот крај, кој е засаден со лозја.

Објектот беше срушен до под  во 2007-тата и започнат одново да се гради. Сопственикот го купи  на јавно наддавање, каде беше единствен учесник за  65 милиони денари од Стопанска Банка, кај која беше заложен за подигнат а невратен кредит. За негова обнова Јовановски не кажа колку пари вложил, но биле неколкупати повеќе од  цената по која го купил. Заради целината на услугите, тој во дворот на мотелот изгради и бензинска пумпа, која  работи три години.

За запознавање на странците за овој мотел и неговата понуда за одмор, од влезот во Македонија кај  Куманово, на секои  десет километри имало  рекламно пано со кое тие се информираат за услугите што тој ги нуди. За  почеток на работата во мотелот ќе бидат вработени 30 лица, келнери, шанкери, готвачи, рецепционери, хигеничарки, собарки за кои се бара да бидат вешти во знаењето. Поранешните вработени во мотелот ,,Македонија,, сметаат дека со неговата неработење  од осум години, изгубени се околу  четири милиони евра, кои се собирале од странците кои тука се одмарале.
           
  Автопатот Куманово – Гевгелија  е во должина од 180 км и овој мотел е единствената понуда долж него за престој на туристите.  Проценките се дека по него лани минале 3,5 милиони туристи кои немаат избор каде попатно да одморат. Посебно во летно време илјадниците туристи Срби, Чеси, Словаци, Унгарци, Полјаци,  кои се на пат или се враќаат од одмор на Егејот но и Турци кои е на пропатување за дома или  кон Германија.
             
 Заради збогатување на понудата  на мотелот во наредните години  Јовановски планира да вложи три милиони евра.  Со тоа би се изградил Аква парк покрај Вардар, на местото од кугланата затворен пливачки базен, тениски игралишта, спа центар, сауни, теретани.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »