речник контакт

Мотелот во Горно Врановци подарен на општина Чашка

Советниците на владеачката ВМРО-ДПМНЕ одлучија овој објект да го подарат на локалната власт на општина Чашка

Петар Печков

Општина Велес на Општина Чашка и го подари хотелот во село Горно Врановци. Оваа точка на седницата предизвика жестоки расправии во кој опозицијата убедуваше дека тоа е погрешен чекор, а власта не беше многу расположена за реплицирање. На крајот по двочасовна расправа 13-те советници до ВМРО-ДПМНЕ кренаа рака и го прифатија предлогот на Чадиев овој објект  се подари на општина Чашка. Советниците од СДСМ не присуствуваа на гласањето, тие ја напуштија за момент салата. Прашаа кој е бенефитот што општина Велес ќе го добие, ако го подари на друго лице, без надомест.
 

Оваа одлука е нелегитимна по повеќе основи. Таа прво беше предложена од градоначалникот на општина Чашка и ставена на дневен ред на седница на  Совет на општина Велес. Откако ја увидоа грешката, ја симана од дневен ред за потоа истата како итна ја предложи Чадиев, што е спротивно со Деловникот бидејќи точка која е симната не може да се најде на истата седница. Потоа недостига мислење на градоначалникот Петров, бидејќи тоа е обврзувачки. Немаме ниту образложение од предлагачот, зошто овој објект се дава како подарок. Зошто прво локалната власт на Велес  не донесе одлука за продажба, па од добиените пари да се инвестира, туку го подарува – рече Весна Богоевска  Стојанова, советник од СДСМ.

Тие најавија дека правдата за овој случај ќе ја бараат во судовите, поради прекршената процедура и поради недомаќинското однесување. Од ВМРО-ДПМНЕ малку дискусии за оваа точка.

 Подобро  мотелот да се подари отколку да се руинира, како што сега се случува. Во Ваше време вие продававте имот, не подарувавте. Можевте да го изнајмувате и од тие пари киријата  да се изгради нешто големо - рече Петре Саздов  од ВМРО-ДПМНЕ. Предлагачот на оваа точка Славчо Чадиев, која како итна се најде на седницата, откако претходно како редовна беше симната, посочи дека процедруата е запазена а секој кој мисли дека е неправилна да ја бара правдата во надлежните институции.

Доколку сметате дека  со оваа одлука, во било кој дел,  Законот е прекршен, ја знаете постапката. Така било и во минатото, така ќе биде и во иднина. Јас сметам дека тоа ги запазува сите деловнички  и Законски обврски, ако имате поинакво мислење повелете докажете – рече Славчо Чадиев претседавач на Советот на општина Велес.

Хотелот во Горно Врановци е изграден 1984-та година. Според Златко Панчевски, некогашен член на синдикатот во Топилница, сега советник рече дека објектот е изграден со 50 отсто средства од МХК Злетово а втората половина од  други велешки фирми Порцеланка, Киро Ќучук, Маслодајна, Нокатекс, Брако, Колска, Крзнарата, Југотутун.  Истиот беше користен како работничко одморалиште,  не работи од 2006-тата година. Сега со години собира прашина. Со делбениот биланс од 1999-та година Владата го доделиле на општина Велес.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »