речник контакт

Мотористите Ванов и Бишевац со успешни возења на Орман

Фудбалерите Велес во футсал лигата со пораз на гостувањето во Кавадарци

Петар Печков

 Спортскиот викенд зад нас со скромна понуда на велешките спортисти.

Викендов се возеше втората трка  од  мото крос шампионатот на Македонија, каде возеа и мотористите на Мото клубот Велес . Драган Ванов во класата МХ 1450 кој го освои 3-тото место. Со ова ја здржа третата позиција во генералниот пласман.  Самир Бишевац во класата МХ85 го освоил второто место и остана на првото место во шампионатот.  Тие возеа на патеакта Орман крај Скопје.   Следната трка од шампионатот се вози на 1-ви ноември на патеката Братиндол во Битола.

Фудбалерите на футсал екипата на  Велес на гостувањето во Кавадарци загубија од екипата на Црна река со 8:6. По ова коло екипата на Велс со 7 освоени бодови се најде на шестото место  Во следното шесто коло го пречекуваат првакот и учесник во 16 финалето на Лигата на прваци на УЕФА,  Железарец од Скопје. Ова коло ракометарите на Борец членови на Супер лигата не го одиграа натпреварот со скопски Металург кој е одложен поради настапите на домаќинот во Лигата на шампионите.  

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »