речник контакт

Мотористите дефилираа и се забавуваа

Забава на велешкото езеро за стотици мотористи од цела земја. Мотото ,,Носи кацига, биди безбеден,, не беше почитуван од дел од учесниците

Петар Печков

Стотици мотористи од цела Македонија го загреаја велешкиот асфалт во саботата вечер. Со дефиле по градските улици тие ја започнаа нивната MOTO BEACH PARTY, која се одржа на велешкото езеро Младост.

Настанот годинава беше под мотото „Носи кацига - биди безбеден“. Икао целта беше да се подиген свеста за носење на заштитни кациги, тоа  не беше почитувано. Дел  од учесниците, како и лани се шлепуваа со  скутери и помали моторчиња и без  кациги. Организаторот објасни дека тие се вклучувале попатно и не можат да ги сопрат да возат во дефилето.

Големиот рок спектакл и забавата на мотористите започна во 20 часот на плажата на хотелот „Романтик“, настапија  бендот на Венко Серафимовски и бендот на Светлана Јовановска.  Манифестацијата која годинава се одржа по втор пат е организирана од Општина Велес и поддржана е  од СВР –Велес.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »