Петар Печков
Објавено: среда, 10 август 2016
Вода за пиење во шишиња, средства за хигиена и пелени за бебиња тешки повеќе стотина килограми, беше донацијата на членовите на мото клубот ,,Носачи на крстот,, од Велес .
Тие истата ја оставија на штандот на Општина Велес, поставен кај кружниот тек во Населба.
Со оваа помош не можеме да го решиме нивниот проблем, но можеме да покажеме дека мислиме на нив, сочувствуваме со нивната мака – велат членовите на МК Носачи на крстот.
Донацијата е обезбедена од сопствени средства.
Tweet |