речник контакт

Мотористите од Мото клуб Велес со признанија на крајот од годинава

Бишевац најдобар во неговата категорија за 2015, Ванов трет, клубот Велес втор во мотокрос

Петар Печков

Мото клубовите  ги доделија признанијата за надборите мотористи во земјава за 2014 и 2015 година. Награди добија и велешките мотористи.

За тековната година, 2015 во класата МХ 85 првак е Самир Бишевац, во најсилната класа МХ1 Драган Ванов го освои третото место, а во екипна конкуренција мото клубот Велес е вицешампион  на Македонија во мото крос, за што придонес имаат и Виктор Караколев и Марин  Сугарев. .

На свеченоста која се  одржа во Александар Палас, беа доделени и признанијата за претходната година 2014-та. Во екипна конкуренција мото клубот Велес беше трет,  исто како и неговиот  возач Јове Иванов  во МХ 250 додека  Драган Ванов беше втор во класата МХ2.

Овие резултати на велешките мотористи се  постигнати, кога немаат можност а каде да тренираат,  оти Велес нема мото крос аптека, но се надеваат дека и нивното барање наскоро  ќе биде решено. 

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »