речник контакт

Мото парада низ Велес

Дефиле на мотоциклистите низ велешките улици а потоа рок забава на велешко езеро Младост

Петар Печков

Стотина мотоциклисти  од повеќе градови на Македонија, Скопје, Штип, Битола, Прилеп, Охрид и гости од Ниш, Србија беа учесници на дефилето  на моторџиите по велешките улици. Тие беа меѓу гостите  на велешкото езеро Младост, на плажата пред хотелот Романтик,  каде  се одржа голем рок спектакл MOTO BEACH PARTY.

Настапија  Венко Серафимовски, Purple Zeppelin Trubute и   Македонска  рок експедиција.  Мотоциклистите, кои беа на расни машини и скапа ,,ергела,, (но најмногу на скутери), се забавуваа  на рок концертот со хитовите на Лед Цепелин, Дип Парпл и други бројни рок легенди.

Цел на оваа манифестација е забава и дружење на мотоциклистите, на начин на кој тие знаат и умеат. Се надевам дека таа ќе стане традиционална и секоја година ќе не има во се поголем број  – изјави д-р Горна Јовиќ. Организатор на забавата беше Мото клубот  „Носачи на Крстот“ од Велес, а под покровителство на Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »