речник контакт

Музеј на отворено

Секојдневно минуваме покрај нив а тие се дел од историјата

Петар Печков

 Поштенското сандаче пред храмот во изградба Св. Кирил и Методиј  и таблaта за кино претствите пред банката во центар  се вистински музеј на отворено. Иако десетина години не се во функција тие се дел од амбиентот и секојдневието и малкумина обрнуваат внимание на нив иако се вон употреба.  

 Како времето минуваше се помалку се користеа сандачињата за испраќање на писма, така и ова сандаче стана некорисно и неупотребувано. Тоа е сведок на едно време кога тоа се користеше за комуникација помеѓу луѓето, наместо сегашниот компјутер и интернет. Исто такво има и пред Читкушева чешма.

И огласната табла  на киното, кое го најавуваше и рекламираше подвижните слики кои се  на репертоарот во Велес, десет години од април 2005-тата  е некорисно.

 Затоа тие се вистински велешки музеј на отворено. И никако оваа вест не би сакала да се протолкува уште утре надлежните да земат да ги исечат и фрлат во старо железо.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »