речник контакт

Муслиманите го празнуваат Курбан Бајрам

Како се одбележува овој ден, со повеќе фотогрфии од внатрешноста на, кај велешани позната, како Црна Џамија

Петар Печков

Курбан Бајрам, трае четири дена, од денес до недела. Овој ден е славење и радување на тоа што го правел  и бил покорен кон семоќниот Алах.  Тој е и таканаречениот празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва - курбан, обично овни и им се делат на сиромасите.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам - Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва - курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека – вели Нијази Мустафовски оџа на   Фазил Ахмет Паша Џамија, позната кај велешани како Црна Џамија. Тој е на ова место од почетокот на септември.

Одбележувањето ан Курбан Бајрам е по следниот редослед: првиот ден е најважен, бидејќи мажите одат во џамија и се молат. Потоа тие одат да жртвуваат овен или овца. Го сечат животното на 3 дела: првиот се дава на сиромашни луѓе, за да имаат храна на овој голем ден, вториот е за пријателите и соседите, а третиот е за човек кој ја принесува жртвата и неговото семејство. По ова, тие одат на гробишта да ги посетат починатите предци и блиски членови на семејството и да се молат во нивно име.

Датумот на Курбан Бајрам се определува  во десеттиот ден од деветтиот месец лухиџе  во исламскиот календар. Годинава кај муслиманите е 1434 година.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »