Петар Печков
Објавено: недела, 14 декември 2025
Со голема заедничка забава на сите мустаклии од Велес, кои го поддржаа движењето Мовембар заврши месецот посветен на подигање на свеста и грижата од машките болести. На забавата се избираше нај мустаќ и мустаќ во обид на Велес.
Титулата за најдобар ја понесе Дејан Митров, кој грижливо изминатиот месец пуштил мустаќи, како поддршка на светското движење Мовембар. Истовремено беше избран и мустаќ во обид а него го красело лицето на Ѓорѓи Перчинков.
Со едно месечната акција здружението Мовембар Велес ја менува сликата и ги отстранува предрасудите за машкото здравје.
Сите 30 дена од изминатиот месец имаше продажна акција на маички, вечерта на забавата во „Паб“ се собирале и парични средства. Дел од нив биле донирани на сограѓанин за лекување. Остатокот ќе се намени за набавка на апарaт потребен на урлошкото одделение од Општа болница Велес.
Фото Пепи Кирка
| Tweet |











