речник контакт

Набавена нова гинеколошка опрема, пуштен во употеба рентген апаратот во Уред

На гинеколошко -акушерско одделение само тројца доктори гинеколози, фалат и акушерки

Петар Печков

Ставен е во функција РТГ  (рентген) апаратот во Уред. Истиот е во сопственост на ЈЗУ Општа Болница Велес и една деценија, тој не се користеше. Толку време фаќаше прашина и беше неупотребуван. Од неодамна повторно работи.   

 Овој апарат кој служи за сликање на бели дробови и рбет повторно се користи. Ова е со  цел пациенти да не доаѓаат во Болница, туку матичните лекари ги упатуваат  на рентген апартот кој е   во ЈЗУ Здравствен дом. Таму времето на чекање е минимално,  на рентген апартот во Болнциа има болнички пациенти, кои се со приоритет.  Така се растоваруваат апаратите, употребливоста е подолгорочна - изјави Марина Андова главната сестра  во ЈЗУ Општа Болница Велес.

Рентген апаратот  беше јапонска донација  и пациентите можат да го користат  секој работен ден од 7,30 до 15,30 ч.  

Велешката Болница  измиантиот период, набави нова опрема за гинеколошко-акушерското одделение. Ова е со цел пациентките да добиваат поквалитетни и современи услуги, но и да не заминуваат во други здравствни установи во земјава, за преглед или породување. Од друга страна ова одделение моментално иам само тројца доктори гинеколози. 

Од сопствени средства набавени  се два гинеколошки стола, ЦТГ апарат и оперативно светло восала за интервенции. Тие се веќе и платени. Променета е сликата во ова одделение, кое  е на ниво на 21 век. Загрижува состојбата со хуманите ресурси. Имаме проблем со бројот на доктори специјалисти гинеколози, бидејќи само тројца даваат здравствени услуги. Бараме решавање на проблемот преку ангажирање на доктори од Клиниката за гинекологија и акушерствго или од други Клиники. Меѓутоа вкупниот број на гинеколози во Македонија е мал. Имаме и помал број на акушерки во нашата Болница - рече директорот д-р Стровјаноски.     

АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »