Петар Печков
Објавено: среда, 22 јануари 2025
Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ од Велес набави нови музички инструменти за наставата на ученици.Со средства од Општина Велес набавени се четири електрични пијанина, две виолончела и по една флејта и пијано кое е од марката Веинбах.
„Наставниците и учениците од основното музичко училиште можат да учат и да се надградуваат на новите музички инструменти.Уште еднаш се потврди приоритетот на општината, со инвестирање во квалитетот на образованието“ – порачаа од локалната самоуправа.
ОМУ Стефан Гајдов е најстарото музичко училиште во Македонија, запопчнало со работа ноември 1945 а верифицирано е 15 јануари 1946 година. Во училиштето настава посетуваат 170 ученици , од прво до деветто одделение.
Tweet |