речник контакт

Навивачите на Шкендија тргнале на фудбал во Кочани,завршиле во болница во Велес

Сообраќајка на Штипска петља

Петар Печков

Во неделата околу пладне  на излезот од Велес, во правец кон Штип се случила сообраќајна незгода во која има петмина повредени патници.  Четворицата од нив се навивачи на ФК Шкендија, кои од Тетово патувале на натпревар во Кочани, каде нивниот миленик играл прволигашка седба со Брегалница од Штип. Но нивниот пат завршил предвреме, на излезот од Велес, кога дошло до судир помеѓу камион и автомобилот на тетовчани.

Во 12:40 часот на регионалниот пат Велес - Штип, кај крстосница „Мамутчево“ случена е сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило  марка „форд транзит“ со велешки регистерски ознаки, управувано од С.Ц. (1947) од Велес и патнички автомобил марка „голф“ со тетовски регистерски ознаки управуван од С.К. (1974) од Тетово. Во несреќата со повреди се здобиле возачот на патничкиот автомобил и три сопатника на возраст од 17 до 48 години , како и еден сопатник од товарното возило на возраст од 65 години - изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.  

Повредените со возило на Итната помош се пренесени во ЈЗУ Општа Болница заради укажување лекарска помош. Директорот на Болницата д-р Атанас Василев изјави дека сите петмина  минале со полесни телесни повреди и по неколку часовен престој на хируршкото одделение, и следење на нивната здравствена состојба, биле пуштени дома.

 По овластување на јавен обвинител, увид на лице место извршила увидна екипа од ПСБСП Велес, која ќе треба да каже како дошло до сообраќајката. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »