речник контакт

Наградата Петре Прличко за Милица Стојанова

Прв пат за десет години постоење, ова признание го добива актерка

Петар Печков

Актерската награда ,,Петре Прличко,, за животно дело, годинава ја  доби Милица Стојанова.  Таа е сесетти  добитник и прв пат наградата за животно дело ја добива жена.  Помеѓу четирите номинирани  актери, жирито во состав Зорица Панчиќ актерка,  Сашо Димоски драматург и Ненад Витанов режисер, едногласна одлучиле наградата да и припадне на доајенот на македонската драма Милица Стојанова.  

Што треба да се образложи кога како луѓе и време ја имаме таа привилегија да бидеме дел од времето во кое живее и создава Милица Стојанова? Нејзината уметничка величина и актерско мајсторство никако не можат да се сведат на набројување на ролјите кои ги толкувала, ниту на импресивноста која го одзема здивот кога ја гледате на сцената, ниту само на соработката која Милица ја дава во процесот на создавањето театар. Доволно е да ја запознаете и да ја почувствувате незаборавноста која лебди околу Милица и да знаете дека станува збор за толкава единственост за која немате зборови - изјави Сашо Димоски претставник на жирито.

Во раскошната биографија на актерката Милица Стојанова се вброени бројни ролји и во МНТ, и во Драмски, гостувања и во други театри, филмски  улоги..   По завршувањето на претставата публика станува заробена со раскошната емоција на актерот, улогата во која играла Милица. Таа иако административно е пензија од  1992-та се уште е на театарски даски. Последна нејзина ролја е  ,,Алма Малер,, каде ја толкува главниот лик во еден дел од нејзиниот живот.

Ова признание ми е посебно драга, затоа што имав привилегија да играм  во претстави во режија на нашиот великан Петре Прличко.  Бев и актерка со него,  ќерката Марица   во неговото славно ,,Сомнително лице,,. Таа претстава имаше долг век, поради неговата генијалност. Другите ликови се менуваа, тој остануваше. Многу сум среќна и бескрајно благодарна - рече Стојанова.

наградата ќе и биде врачена сабота,  на 8-ми ноември, во пресрет на Денот на Општината, кога ќе и бидат врачени плакета со ликот на Прличко, парична награда од 500 евра а нејзина чест актерите од велешкиот театар ќе ја изведат претставата ,,Спанаќ со пржени компири,,.  Досега  наградата ја добија  Благоја Спирковски Џумерко, Емил Рубен,  Петар Мирчевски. Благоја Чоревски, Мето Јовановски, Борис Чоревски, Петар Темелковски, Драган Спасов Дац и Александар Ѓоргиев. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »