речник контакт

Награда за велешката поетеса Десанка Николова во Нови Сад

Николова е автор на три стихозбирки, а се појавува и како рецензент и критичар на други поетски остварувања

Петар Печков

Поетскиот циклус „Безвремена жена“ на  Десанка Николова награден е со престижната меѓународна награда на четвртиот меѓународен поетски конкурс „Восилав Деспотов“  во Нови Сад. Во категоријата до триест години, нашата сограѓанка ја освои третата награда на конкурсот на кои учествуваа поети од бившите југословенски простори и ЕУ.

Оваа награда ми е оосбено драга и за мене претставува посебна мотивација, која ќе значи активно враќање во светот на поезијата“ вели Десанка.

м-р Десанка Николова е Профсор по македонски јазик, вработена во ОУ„Св.Кирил и Методиј“. Последниве неколку години е насочена во работата со млади талентирани поети, а по подолга пауза го најавува и излегувањето од печат на нејзината нова стихозбирка која треба да биде отпечатена во првата половина на годината.

Николова е автор на три стихозбирки, а се појавува и како рецензент и критичар на други поетски остварувања.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »