речник контакт

Награда за режија на детскиот драмски фестивал за Петкоска и Арсова

Тие ја поделија наградата за претставата ,,Каде е мојата мајка,,. Претставата ја изведоа ученици од драмската секција ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари.

Петар Печков

Во Кочани се одржа 8-иот Детски драмски фестивал каде  награда за режија освоија велешанките Орданка Петкоска и Лила Арсова. Тие оваа награда ја добија за претставата ,,Каде е мојата мајка,, која беше работена по текст на Лила Арсова.

Претставата ја изведоа ученици од  драмската секција ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари.  Жирито во состав  Силвана Јаневска, претседател, Перо Даниловски и Вита Ковачева, членови меѓу 17-те одиграни детски претстави решија за најуспешна претстава да ја прогласат ,, Ојле брада пд животинска брада,,  во изведба на  учениците од ОУ „Синиша Стоилов“ – Зрновци во режијана  Билјана Ѓоргиева-Гаврилова и по текст на  Трајче Кацаров.

На наградените беа врачени  уметнички слики изработени од членовите на Ликовната школа при ЦК „Бели Мугри“ од Кочани

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »