речник контакт

Награди за Борисовска и Мефаиловски, за најдобри актери на велешки театар

На редовниот репертоар на театарот во 2017 година биле одиграни 120 претстави кои ги посетиле 20.000 гледачи.Признание доби и Спасо Петрушев за сценски работник

Петар Печков

За прв  пат од возобновувањето на велешкиот театар ,,Јордан  Хаџи Константинов Џинот,,  беа доделени награди за најдобрите  актери, членови на ансамблот. За актерка беше прогласена Кети Борисовска а за актер Фаик Мефаиловски.  Борисовска  наградата ја доби за улогата на Ана Комнена во „Ана Комнена“, но и ра ролјите  во „Театар љубов моја“, Чавката во „Волшебникот од Оз“, а во 2017-та одигра  48 претстави на редовниот репертоар на театарот. Фаик Мефаиловски наградата ја доби за  улогата на  Петар Хермит во „Ана Комнена“, Ерџан во „Синиот портокал“, Планер во „Тирамису“ и Страшилото во „Волшебникот од Оз“, како и за одиграни 67 претстави на редовниот репертоар на театарот.  

Наградата значи поттик за повеќе работа и дека  овој актер годинава работеше најдобро. Чувството е  убаво, оти наградата доаѓа од колегите.  Тоа е признание за маката, непреспиeните  ноќи - рече Мефаиловски, кој е дел  на велешки театар четири години, веднаш по дипломирањето стана и дел од овој ансамбл.   Негова прва ролја аметрска е во ,,Учителот Џинот,,на Дејан Дамјановски кога уште како ученик во средна започнува со глума. Па потoа следи ,,{ашардисaни времиња,, а  прва улога како дипломиран актер му е во ,,Кралот Лир,,.

Оваа награда ми значи премногу, не само за годинава, туку за сите изминати години  -14 колку што сум во велешки театар. Уште повеќе што доаѓам до друг град, а не сум велешанка. Имам измешани чувства, тага, среќа, но сфатив дека трудот секогаш се исплаќа. Важно е тоа што се работи да се сака а наградите се како некој завршеток - рече Борисовска.     

Признание доби и Спасо Петрушев за  сценски работник за ангажманот во 120 претстави на редовниот репертоар на театарот.И тоа  за остварениот ангажман како реквизитер во претставите: Ана Комнена, Театар љубов моја, Волшебникот од Оз, Тартиф, Спанаќ со пржени компири, Класен непријател, Добрата надеж, Ноќите во бел сатен, Шумата на моето дрво и Вдовицата се мажи. Наградата се состои во статуетка, диплома и паричен дел. 

Во чест на наградените беше прикажана комедијата  ,,Вдовицата се мажи,, во режија  на Младен Крстевски, работена по текст на Чехов.  На доделувањето на наградите од велешки театар ја резимираше оваа 2017-та година. 

Сезоната 2017 ја завршуваат со 9 реализирани премиери, од кои пет одобрени и поддржани со Националната програма  на Министерството за култура, „Ана Комнена“, „Театар љубов моја“, „Песни за татковината“, „Синиот портокал“ и „Тирамису“,  три  од сопствени средства ,,Волшебникот од Оз“, „Новогодишните чорапчиња“, „Вдовицата се мажи“   и една копродукција со „Северно од Импакт“ претставата „Шумата на моето дрво“ која гостуваше во Јужна Кореја.  На редовниот репертоар на театарот во 2017 година биле одиграни 120 претстави кои ги посетиле 20.000 гледачи. 

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »