речник контакт

Награди на 51-те Детски Рацинови средби, Гран при за Сандра Филипова и Емина Адемовска

На литературниот конкурс пристигнале 118 творби додека на ликовниот 40

Петар Печков

На свеченост во велешки театар, врачени беа наградите  за поетскиот и ликовен конкурс од 51-те Детски Рацинови средби. На литературниот конкурс во категорија средни училишта пристигнале 28 литературни творби од основните училишта категорија 8-9 одделение  62 литературни творби и категорија  6-7 одделение 29 литературни творби или вкупно 118 поетски творби. Жири комисијата во состав  Нада Алексовска, Горданa Мирчевска,  Родна Јанчева одлучи наградите да ги добијат: 

Гран при  Сандра Филиповска 8 одд. ОУ „ Крсте Петков Мисирков“ Радовиш 

Прва награда за ученици од средни училишта доби Сандра Цветкова I клас СОУ Перо Наков Куманово

Прва награда за поетски творби  од 8-9 одд. доби  Софија Алачкоска 8 одд. ОУ Кочо Рацин Охрид. 

Прва награда за поетски творби од 6-7 одд. доби  Лина Продановска  7 одд. ОУ „Св.Кирил и Методиј“- Битола

Ликовниот конкурс беше на тема ,,Мојот град, моја инспирација,, а пристигнале 40-тина дела  комисијата во состав Илчо Стојанов, Крсте Шупев, Атанас Крлевски одлучи наградите да ги добијат: 

Гран при за  Емина Адемовска  Гимназија Кочо Рацин Велес 

Прва награда за ликовна творба од ученици од средно образование 1-2 година Никола Панов  СОУ ,,Коле Нехтанин,, Штип 

Прва награда за ликовна творба 8-9 одд.  Кристина Спирковска 8 одд. ОУ Кузман Шапкарев  -Скопје 

Прва награда за ликовна творба за 6-7 одд. Михаела Грнчаровска 7 одд. ОУ  Братство -Тетово

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »