речник контакт

Награди се делат, Деветоноемвриски

Двајца кандидати за најголемата општинска награда ,,Гемиџии,, и единаесет за признанието 9-ти Ноември. ТРМР екслузивно ги открива имињата на потенцијалните добитници

Петар Печков

ТРМР ги открива кандидатите по кои ќе се изјасни Советот на општината а во пресрет на општинскиот празник 9-ти ноември.

За наградата ,,Гемиџии,, предложени се писателката Павлина Климкар Меанџиева и сопственикот на ТВ Здравкин, Ангел Здравкин.

За наградата 9-ти ноември, пофалница, признание и плакета предложени се Елена Тевчева  директорка на градската  библиотека,  гласилото ,,Хуманист,, на општинската организација на Црвениот крст, Благородна Донева која изработува народни носии, карикатуристот Миле Манчевски, поетесата Десанка Николова, Стефан Пеев кој и натаму ја оспорува теоријата на релативитетот на Ајнштајн, директорката на детските градинки Татјана Лазаревски Георгиева, лимарот Онче Саздов, ракометарот Виктор Гигов, Наце Алексовски човекот кој 15 години доброволно го одржува Железниот мост и Ангел Митревски претседателот на македонците од Република Хрватска.

Во текот на оваа седмица, најверојатно петок Советот ќе одлучи за  добитниците на признанијата.

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »