речник контакт

Накитот од велешко низ вековите (фото)

Раскошна изложба на накитот што низ вековите се користел на овој простор

Петар Печков

Ретка, прекрасна и единствена можност велешани да видат како луѓето кои живееле на овие предели, како   го краселе сопственото  тело,  од  праисторијата до пред еден век.  Во велешкиот музеј, отворена е изложба ,, Накитот низ вековите,, каде се презентирани стотина артефакти.  

Тоа се артефакти со непроценлива културна и историска вредност и претставуваат сведоштво за културниот идентитет на многу популации, кои битисувал во велешко.

Авторот Анита  Василкова  Мидоска, посочи дека изложбата е аманет од  нејзини колешки,  кои од оправдани причини не се присутни и таа е нивно заедничко дело.

Моите колешки и јас, со години ги прибиравме овие предмети, кои се тука пред нас. Изложбата опфаќа широка хронолошка рамка, од праисторијата до накитот на крајот на  19-ти  и почеток на  20 век.  Не се претставени само предмети од накит туку  и други, кои на суптилен начин го нагласуваат китењето и украсувањето.   Освен археолошки предмети има  и одредени анимации. Накитот не е само украс за китење како предмет кои имал спасително и заштитничко значење -  вели авторката Василкова Мидоска , виш кустос во Народниот музеј и докторант на Институт за археологија.

Во витрините изложени  се  прстени, белегзии, огрлици,обетки  има и фибули кои биле   со статусен симбол а денес  се обичен брош. Меѓу накитот се наоѓа  и дијадема од злато, која е  2-риот век  п.н.е откопана од локалитетот Градиште крај Згрополци и тоа   во последните часови од ископувањето на проектот.  

На истиот простор се пронајдени и две исклучително убаво изработени обетки, едната со мотив на јарец а втората со мотив на Богот Амор. Таму е  пронајдена и теракотна статуетка  на Афродита. На неа се забележуваат, два прстени на левата рака  со која ги прекрила гениталиите, додека на главата  има  дијадема.  

        -   Од изложените предмети  можеме да констатираме дека во овој регион  живееле богати луѓе, кои одржувале  контакти со силните центри на Медитеранот  и ја применувале модата која била  карактеристична за тоа време - додава Мидовска Василкова.  Најголемиот од  изложениот дел предмети се од велешко, вклучувајќи ги териториите на општините Градско и Чашка и се од археолошки ископувања. Сопственост  се на велешкиот музеј,  дел  се добиени по пат на поклон. Изложбата  се подготвувала шест месеци.  

Со  илјадници години човекот  создава накит и го носи, со примарната негова намена да  привлече внимание, да го покаже сопственото богатство и моќ. Но не секогаш служи за разубавување, лично украсување  тој има и практична употреба. Друг пат е статусен симбол  за припадност кон одреден етнос или група. Понекогаш служи за заштита од зло - потенцираше директорката на велешкиот Музеј Елица Николова.  Изложбата ќе биде до крајот на годината.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »