речник контакт

Наместо за Гевгелија двајца патници од воз завршија во болница

Го згрешиле возот па се решиле со скок да се симнуваат

Петар Печков

Велешаните  К.М. ( 21 год)  и М.А. ( 44 год)   се на скопските клиники тешко повредени откако вчера утро  скокнале од воз. Тие двајцата  во 6,30 часот,  на  железничката станица во Велес тргнале по работа за Гевгелија, но во гужвата  која била на станицата се качиле во воз  кој сообраќал  на   друга обратна релација Гевгелија- Скопје.

Кога виделе возот патува на север а не на југ, по 150 метри наместо да ги употребат кочниците, се решиле на најлошата варијанта, да скокнат. При ова поради брзината на возот здобиле со повреди, поради што биле  префрлени во Болницата во  Велес, од каде поради тешките повреди потоа се пренесени на лекување  во Клиничкииот  центар во  Скопје.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »