речник контакт

Наместо на одмор младите велешани на работа во Црна Гора

Бројни млади велешани летово го одбраа црногорскиот брег, но не како дестинација за одмор, туку како место за работа. Проценките се дека околу илјада млади од градот, машки и женски се со неколкумесечен престој од Тиват до Бар.

Петар Печков

Бројни млади велешани летово го одбраа црногорскиот брег, но не како дестинација за одмор, туку како место за работа. Проценките се дека околу илјада млади од градот, машки и женски се со неколкумесечен престој од Тиват до Бар. Тие се времено ангажирани како хотеслко-угостителски вработени, од собарки, келнерки, готвачи до чувари на плажа. Бидејќи црногорците очекуваат голем број на туристи, има многу нови угостителски  и хотелски капацитети.    

Парите за кои ние работиме, на домаќините црногорците не им се работи, така што има многу велешани, но и македонци во крајбрежјето на оваа држава. Газдите бараат да се знае српскиот (црногорски) и руски јазик и претежно млади луѓе, до 30-тина години возраст – вели Дејан Ристовски. Тој претходно работел како градежник, но поради летната сезона , до есен за нив нема работа, па се преорентирал како физички работник во приватен хотел. Платата се дивжи од 300 до 500 евра, со тоа што е обезбедено спиење и еден оброк на ден, ручек или вечера. Работното време е 14 часови, секој ден. Најплатено е да се биде  ноќен чувар на плажа, каде за 12 часа, од 8 навечер до 8 наутро се добиваат по 35 евра дневница.

Оваа работа не е толку тешка, колку што е напорна. Дневницата е добра, но имаме малку време да отспиеме, бидејќи дење сакаме во живот, кога ноќе не можеме – вели Милан Стојанов. Тој се договорил три месеци да биде во Будва на ова работно место. Негова задача е да ги чува лежалките, чадорите за сонце и се што е имот на плажата. Дење истата работа, наплата за користење на услугата ја работат црногорците,  додека потешкиот дел, ноќната смена е за странците. Девојките пак имаат избор да работат како шанкерки, келнерки во кафитериите, хотелите.

Една полезна работа што ја учев во школо е познавањето на рускиот јазик. Кога завршив, се каев што го научив, а сега ете излезе дека сепак и од него има ќар.Работам од 12 до 4 натуро, тешко се издржува секој ден ама морам, ако сакам да заработам. Се наоѓа малку време и за сончање и капење, така што задоволна сум од престојот тука – објаснува Милена Арсова. Сите тие до работа дошле преку нивен познат, кој претходно престојувал или работел на црногорското крајбрежје.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »