речник контакт

Нападнат стоматолог, натепани проценители за тутун

Против сторителите прекршочна пријава

Петар Печков

Велешката полиција информираше за два настани кои се случија изминатите денови, при што   пациент дрско се однесувал кон стоматолог а тутунар натепал тројца проценители. 

На  12 јануари околу 18 ч. во стоматолошка ординација лоцирана на ул. „ 11-ти Октомври “ во Велес, лицето О.А. (1979) од Велес , поради незадоволство од тоа што не бил примен во ординацијата  и не сакал да причека, почнал гласно да вика и да го навредува докторот- стоматолог и непристојно да се однесува во присуство на останатите пациенти кои чекале во чекалната. Изготвен е записник за прием на пријава, ќе биде поднесено Барање за поведување прекршочна постапка за сторен прекршок по чл.4 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир (карање, викање, непристојно и дрско однесување на јавно место). 

 

 На  27 јануари  во 15.15 . во откупниот центар за тутун АД-Алијанса лоциран во близина на село Башино село, лицето А.И. (1978) од село Бузалково физички нападнал три лица вработени во фирмата како проценители, удирајќи ги со раце и тупаница во пределот на главата. На лице место е излезено од полициски службеници од ПС Велес , изготвен е записник за констатиран прекршок, по што ќе следи и барање за поведување прекршочна постапка за сторен прекршок физички напад. 

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »