речник контакт

Народни пословици од велешко, запишани од Константин Петкович

Овие народни умотворби се од средината на 19-ти век

Петар Печков

Константин Петкович е роден во Башино Село, Велешко во 1826 година. Се школувал во родното место, а подоцна заминал во Русија каде што студирал Словенска филологија на Петербуршкиот универзитет.  Во изградувањето на Петкович како славист клучна улога има одиграно неговиот професор Измаил Иванович Срезњевски, познат славист од тоа време. Повеќе од десет години К. Петкович работел во рускиот конзулат во Дубровник, најпрвин како секретар , а подоцна како конзул. Во „Исторически весник“ во Москва во 1898 година е објавен некролог по повод неговата смрт.
 
Ако беше правила секоја муа мед, можеше да направи и бумбарот.   Бог дал, Бог зел.Бежанова мајка не плаче, а Стојанова.Бега како опрлен.  Бело како снег. Бел како јаглен (угољ). (Вгнел).   В туѓа манџа сол не турај.   Секоја круша се држи от опашката си.Секој има погрешка, а на кого му се види, нему се смејат.  

Видите му (поглејднетему) ум’т и скројте му кјулавка.   Јажето се кине де је најт’нко.   Видоха у слепца едно око и това сакат да му го извадат.   Секој обича шчо му прилича.  Секоја коза си има и своја брада.   Секоја мома знаје да пеје у дома си, а да ја видите на хорото.   Кој оставил (пустил) брада, тој си има и чешел. 

Секоја овца се држи от крачето си.  Секој петел пеје на својето гјубриште.  Мајдога (нашле) село без кучинја   Секоје куче лаје на двојот си.   Домшен хесап на в’нкашен пазар не ујдисува.  Влезол в лозјето и не му харесува грозјето.  Што ходиш како в небрано лозје.  Рани куче да те лаје.   Видел доброто и бегал гологлав.

   Врви му како вода.   Волот с врзува за роговето, човек за јазикот.  Секој тегне ваганот кај себеси.  Не фрлај камен в тиња.  Секоја ластовица фали својата седалка.  Волот рие сос роговето си земја и му се чини зашто ја фрла на небо, а не знаје шо му пада  на грбот.  Господ дава ама в кошара не вкарува.  Господ забава, ама не заборава.  От трн на глок нападнал. 

Где го не сееш тамо никне.  Пости зашто нема да јаде.  Где дваица – тамо и трети.  Гарван на гарвана очи не вада.   Гладен човек и корки јаде.   Глава прави глава тегне.   Где пејат многу петли, тамо доцна (поздно) се ос’мнува.   Брада има глава нема.   Даи си мажо жената, а ти иди в трњето.   Дала баба пара да се фане на хоро – дава две пари да ја пуштат и не може.  

Подмажи колата да не крцка.   Две лубеници под една мишка не се носат.  Мечката моли Бога да се родат дренки.   Дај му крила да фрка.   Докле (дори) не плаче детето, мајка му не му дава да цица.   Двајца не чекаат едного.   Да знаје Мара кога је кумувала.   Ефтиното месо не јадат и кучинјата.   Един направи, а мнозина тегнат.   Една пара врзувај два пати.  

Един умира от глад, а други го обидува и в пазухата му сака хлеб.   Живејат како куче сос мачка (котка).   Железото се чука докога е вруќо.   Каде текла вода пак ке тече.   Не фаќај змија да не те уапе.   Знаје ли ти свиња кладенцова вода?   Знаје ли свиња шо је диња – шо је тиква?   Збори ни на дожд, ни на ветер.   За хилјада манџи – за пара пипер.   Загубила си мома вретено и нема сос што да преде.  

Облече се Алија, пак сос тија.   Отвори си очите, да не ти ги отворат.   Попарен петел и од д’жд бега.  Прегален светец и Богу не је драг.    Присмејал се цереп на грнето зашто нема ухо.   Празен маж – остр нож.   Покриено млеко мачки не јадат.   Пофали го та му извади очите.   Прави си устата да ти јаде мед.   Прав како јаже воф торба.  

Прав му пат како лук.   Припка (рипа) како луд.   През морето да те претера и вода да непјеш.   Пази Боже од туна боза, пијана жена и бесна свиња.   Прилича му како звонец на свиња и обрач на тиква.   Рибата од главата смрди.    Рибата оште в водата, а готват тавата.  Режи го како пресно сиренје.   Слепа кокошка кога прогледне сака да се качи на петелот.  

Сос ветер не се вапсува (боја не се прави).   Стори добро, та најде зло (лошо).   Кога слепо погледне, далеч види.   Сос тугј хлеб мајчин помин.   Сичко Мата фтасала,саде се не изчесала.    Сос устата си врабци лови.   Сос еднего отиде, сос двајца дојде.   Спие како зајец.Зидот и малиј и големиј каменје влезат.Трпен, спасен.   Трај коњо до зелена трева.   Тебе говорам керко,  а усешај се снахо.Трепери како лист.  

Ти го тераш на пат, тој иде в трње.   Нне саде едно куче викат караман.Фанала се царица за работа и прст ја заболел.   Ум царува, ум говедарува.   Фанала го кокошкина слепотија.    Ходило харо, днило и кошнива грозје донесло.   Фали еднега, удари другего.    Црнеј кожа, трпи душа.   Тегаво, бегаво, кој го има негово.   Малку ли ветар веје?   Шута како коза.  

Кје се оправи како јаже в торба.  Ќе се оправи кога ќе си видам тилот.     Зошто му је брадата, кога му не је в главата. На туѓа порта не тропај.    Неговата болест, моето здравје.   Не видела вјера, видела и полудела.    Не чукај да не ти чукат и тебе.   Наватиха се како пчели на мед.   На бој сабја си не заемај.  На мирна земја црн роб.   Намурти се како Стара планина.  

Најхубавата круша свињата ја јаде.   Облечи свињата и в злато, таја пак ќе легне в тињата.    Ситни му забите како тесни конци.    От свинска кожа мех не бива.    Каде текла, вода, пак ќе тече.   Секоја пчела мед не дава.  Оса мед не праи.    Гора сос гора се става, ама не човек сос човека.    Дај на попа да не тропа.    Бој се матна вода.    Пружи си нозете според чергата.     Има си муата на главата.    Права рака дава, лева заборава.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »