речник контакт

Наспроти забраната за комуникација ја вознемирувал сопругата со која биле во бракоразоводна парница

По документирање на настанот против пријавениот ќе биде поднесена соодветна пријава

Петар Печков

Велешанец пријавен од сопругата со која биле во бракоразводна парница, дека наспроти забраната за комуникациија и приближување, тој ја вознемирувал и и` се заканувал. Деталите од информацијата на велешкaта полиција. 

„На 28.05.2025 во 08.30 часот во СВР Велес извршен е службен разговор со А.З.(35) од Велес, по претходна пријава од неговата сопруга, со која бил во бракоразводна постапка. На А.З. претходно му било издадено решение од Основен суд Велес со забрана да ја вознемирува и да контактира со сопругата и забрана за приближување од 100м до домот, но тој не го почитувал решението туку телефонски и се јавувал и и се заканувал“ – изјави Биљана Ѓаковска, портпарол на  СВР Велес.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »