речник контакт

Натепан мигрант од Сирија, заврши во болница

Разбојништвото се случило кај Железничка станица Кукуречани. Одземени му се 1,6 илјади евра

Петар Печков

Вторникот навечер сириски  бегалец, бил физички нападнат од засега двајца непознати напаѓачи. Настанот се случил кај железничката станица Кукуречани, на пругата Велес  - Гевгелија,  близу Неготино.  М.А. ( 26 год) од Сирија во 19,30 ч  бил тепан со раце и нозе по телото а од повредите е задржан на лекување во Неготинската болница

Во  19,45 часот во ПС Неготино било пријавено дека од страна на две непознати лица било извршено разбојништво над бегалец од  Сирија.   При нападот  му одзеле 1.600 евра, а потоа избегале. Бегалецот е пренесен во  Медицински центар Неготино, каде му се констатирани телесни повреди и е задржан за следење на неговата здравствена состојба- велат  МВР . Полицијата  презема мерки за пронаоѓање на сторителите. 

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »