речник контакт

Нашето време доаѓа, женската група ,,Д Чикс,, од Велес

Сандра Јорданова, Моника Георгиева Наталија Мејанџиева трио кое ја освојува Македонија

Петар Печков

Групата Д Чикс, е ретка појава во македонски услови, таа е се женска, постои половина година, група која ветува.  Сандра Јорданова дипломиран правник м-р по кривично право работи во адвокатска канцеларија,  вокал во групата и чука дајре,  Моника Георгиева дипломиран лекар, вработена како доктор во приватна амбуланта   свири гитара  Наталија Мејанџиева свири гитара и е дипломиран економист, работна во ЕВН. За овој период тие учествуваа на две манифестации каде ги собраа аплаузите  на Пиволенд во Скопје и Питијадата во Велес. 

            Како се роди групата?

 Сандра: Групата се роди во моја глава. Долго време размислував да создадам  женски бенд, претходно се бафтав со машки во групата,  ама сакава една чиста женска група.    Последната група се растури, секој на своја страна, бев без бенд и тогаш цврсто решив да оформам една женска група. Прво на памет ми дојде Моника, која ја знам онака низ град. И ја споделив  идејата, и двете бевме  на пола дали да биде или не. Не бевме сигурни во нас, како тоа ќе излезе, немавме тапанарка.  По овој муабет,  Моника се сети за Наталија и решивме    да направиме проба.  И така тргна, сега бараме  тапанар, исклучиво женско да биде. Ова може и  оглас да биде.  

            Каква музика свирите?

Моника: Исклучиво поп –рок, нешто латино. Трендовска музика моментално актуелна. Нешто постаро. Имаме широк дијапазон на песни. Не сме фокусирани  на одреден артист, одреден жанр.

            Колку време постоите?

Наталија:  ,,Д чикс,, е релативно нов бенд. Постоиме шест месеци. За овој период сите три се зближивме. Се усогласивме, полни со  љубов, позитивни емоции, желба за успех.  Сега  засега супер функционираме и како музичарки и како пријателки.   Излегуваме заедно, се дружиме, споделуваме наши соништа. Кратко сме заедно,  но  супер ни е.   

              Што ви е целта на групата?

 Сандра: Имаме повеќе работи кои акаме да ги постигнеме.  Се почна спонтано, како растевме, како вежбавме на пробите, така  сфативме дек е време за свирки. Потоа  не слушна апа почнаа да не бараат низ цела Македонија.  Засега функционираме како клупски бенд, сме свиреле по многу градови и  многу барови. Фејсбук многу ни помогна да се промовираме и  пробиеме. Имавме настап и на ТВ Алфа.  Без да форсираме, сами почнаа работите да се трасираат. Работите одат натаму еден ден да имаме  и своја песна.  

             Зошто името на групата Девојки, Д чикс?

Сандра: Се роди случајно. Имам другар кој е прилично откачен. И кога решив да правам  група, му кажав  а тој  ме праша дали знам какво име да дадам. Тогаш не знаев, тој само   кратко рече ќе бидете Д чикс, за мене збунувачко, реагирав некако а тој  само остро рече јас не   ти кажав како да се викате, јас ти кажувам како ќе се викате. Кратко и јасно  и така бидна.   Девојките прифатија им се   бендиса и сме Д чикс.

          Како ве прифаќа публиката на овие настапи? 

Моника:  Одлично сме примени, шириме позитивна енергија, не` сакаат. Имаме конекција со присутните и  сме многу среќни поради тоа.  

         Ве исполнува  музиката?

 Наталија: Секој викенд се враќам од Скопје вежбаме, имаме  настапи.  Сите три не  исполнува музиката. Работиме заедно, кај секоја дома, со, две акустични гитари пријатно ни е, забавно.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »