речник контакт

Најголемата фонатана во Македонија

Велешани како подарок за Денот на независноста ја добија најголемата фонатана во Македонија лоцирана центарот на градот во Младинскиот парк.

Петар Печков

Велешани  како подарок за Денот на независноста ја добија најголемата фонатана во Македонија лоцирана центарот на градот во Младинскиот парк. На површина од 300 метри квадратни се наоѓаат водоскоци и водопад висок 6 метри кој во целина трошат 60 метри кубни вода во затворен систем. Фонтатна е долга 34 метри, а пречникот во средината е 10 метри.

Инвестицијата е вредна  шест милиона денари, обезбедени  дел од ФИООМ како награда за најдобро општинско управување, дел до фондацијата ФОКУС и  дел од донации од бизнис секторот од градот.



Советниците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека овој проект е без градежна дозвола, но градоначланикот на Велес Аце Коцевски вели дека станвуа збор за реновирање на Младинскиот парк и за тоа се обезбедени сите потребни документи. Поради противењето на мнозинството во Советот на општината не беше поставена патеката на знаменитите велешани како ни обележјето „Рекоа за Рацин“.

Забавата за празникот беше збогатена со настап на фолк ѕвездата Сузана Гавазова, поп пеачката Александра Пилева и настап на Распеани Велешани и КУД од градот.
\"\"

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »