речник контакт

Најголемaтa слика масло на платно на Балканот е во Сомбор

Во време на предизборен молк, занимливости од Балканот. ТРМР ви ја претставува најголемата слика на Балканот, со површина колку една гарсониера.

Петар Печков

Најголемaтa слика масло на платно на Балканот, се наоѓа во Сомбор – Војводина а сместена е во зградата која има ни повеќе ни помалку туку 365 прозори.  Ова го тврдат домаќините, кои се гордеат дека делот ,,Борбата за Сента,, со големина од 28 метри квадратни, колку една гарсониера за живеење, е нивна сопственост, на  градот Сомбор. Таа е дело на Ференц Ајзенхут, германец роден во Бачка – Војводина.  За истата да се внесе во прекрасното градско здание, морале да се руши дел од нејзиниот преден дел.

Битката за Сента, северен Банат, се водела на 11 септември 1697 година, кај реката Тиса. Во оваа битката австријците и покрај бројчената инфериорност и нанеле тежок пораз на Турција, по што таа се повлекла подолу од реките Дунав и Сава. Ова е голема победа на војсководецот Еуген Савојски, по што се здобил го голема воена слава. Сликата е масло на платно со големина од 28 метри квадратни, 7м х 4м  што ја прави најголема на Балканот. За да ја внесат во 1898 година во Жупаниската зграда морало да се руши горниот кат од зградата. Со неа авторот и градските власти на Сомбор ја одбележале илјада годишнината од доаѓањето на унгарците во Панонија.  Авторот Ајзенхут ја цртал две години во Минхен - Германија и била пренесена до Сомбор со брод - вели  домаќинот Милан Војновиќ  пензиониран историчар.

Тој посочува дека авторот Ајзенхут при работата на сликата  како  мотив ја имал познатата ,,Мона Лиза,,  бидејќи командантот на австриската војска, Савојски,  од каде да биде гледан  од било кој агол, неговиот поглед посетителот има впечаток дека е вперен токму во него.  Жупаниската зграда во која е сместена сликата ,,Борбата на Сента,, е изградена пред два века, во периодот од 1802-1804 година.

Во неа, како и пред двеста години, се сместени државните и локални институции на Сомбор и таа  е постојано дом на власта. Зградата која е во облик на квадрат, има 365 прозори, колку што има денови во годината и се наоѓа во центарот на градот, опколена со прекрасни и ретки дрвја ,,тиса,, кои домаќините секогаш ги одржуваат и шишаат во интересни форми. Просторијата во која се чува оваа слика, денес служи за седници на општинскиот Совет.

Таа претходно била судница, поради што во неа се две скулптури, на  богињите Минерва - на војната  и на Јустиција - за правда, стари два века. Поради оштетувања на делото  ,,Битката кај Сента,, , тоа се планира наскоро да се реставрира, па ќе биде симната и одредено време недостапна за јавноста.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »