речник контакт

Најдарежливите нации во светот

Која држава колку пари одвојува од Буџетот за сиромашните во светот. Но и колку за социјалата дома.

Петар Печков

Меѓународната помош за земјите во развој втора година по ред опаѓа, додека европската должничка криза продолжува силно да натежнува врз најбогатите држави. Заемите и кредитите наменети да помогнат во земјите во развој, опаднаа за четири отсто во 2012, по падот од два проценти во 2011 година.

Соединетите Американски Држави во минатата година доделиле само 30 милијарди долари, што е речиси за еден процент помалку од претходната година. Без оглед на се, тоа е се уште двојно повеќе од вториот најголем придонесувач. Иако оваа значајна сума е помалку од 0,2 отсто од БДП-то на САД, тоа е далеку помалку отколку сумите кои ги двојат другите земји контрибутори.

Развиените земји кои се мерат од страна на Организацијата за економска соработка и равој (ОЕЦД), доделуваат просечно по 0,31 проценти од националниот БДП за помош за земјите во развој. Некои земји, во главно оние кои можат тоа да си го дозволат, придонесуваат многу повеќе во помошта за странство. Единаесет земји потрошиле најмалку 0,45 отсто од нивниот БДП во помош за земјите во развој, додека Луксембург потрошила цел 1 процент. На основа на извештајот од ОЕЦД, 24/7 на Волстрит ги разгледа најдарежливите држави во светот.

Ова се најдарежливите држави во светот.

11. Швајцарија
- Меѓународна помош како процент од БДП: 0,45 %
- Вкупна меѓународна помош: 3,02 милијарди долари
- Социјални трошоци: 20,3 %

Швајцарија дала повеќе од 3 милијарди долари, или просечно околу 0,45 отсто од својот БДП, за земјите во развој во минатата година. Ваквата помош континуирано расте, откако дала 1,3 милијарди долари или 0,36 проценти од својот БДП во 2003. Швајцарија е една од најбогатите и најценетите економии на светот

10. Франција
- Меѓународна помош како процент од БДП: 0,45 %
- Вкупна меѓународна помош: 12 милијарди долари
- Социјални трошоци: 32,1 %

Како и Швајцарија, и Франција исто доделила 0,45 отсто од својот БДП за земјите во развој. Сепак, сумата на помошта опаднала во изминативе две години, од 0,5 отсто од БДП во 2010, и од 0,46 проценти од БДП за 2011Државата води добра грижа за своите граѓани. Повеќе од 32 проценти од БДП од владата, оди за социјални трошоци, што е највисок процент од било која друга земја членка на ОЕЦД.

9. Белгија
- Меѓународна помош како процент од БДП: 0,47 %
- Вкупна меѓународна помош: 2,30 милијарди долари
- Социјални трошоци: 30 %
-
Белгиските грантови и заеми за земјите во развој, значајно опаднаа во изминатите три години, од повеќе од три милијарди во 2010 на 2,38 милијарди долари во 2012. Државата исто така троши голем дел и за своето население. Државата троши 30 проценти од својот БДП на социјални програми, што е трета по висина пропорција од земјите кои се мерат според ОЕЦД.

8 Ирска
- Меѓународна помош како процент од БДП: 0,48 %
- Вкупна меѓународна помош: 809 милиони долари
- Социјални трошоци: 23,1 %
 
Помошта за развој измерена во проценти од ирскиот БДП, опаѓа секоја година почнувајќи од 2008, кога таа изнесуваше 0,59 отсто од БДП. За тоа време, долгот на земјата летна угоре и достигна повеќе од 106 проценти од БДП во 2011, што е меѓу највисоките во светот. Стапката на невработеност во Ирска во 2012 изнесувала 14,8 отсто, што е меѓу највисоките стапки во рамките на земјите од ОЕЦД. За несреќа, не сета помош од Ирска оди во вистинска насока. Истрага спроведена од Ајриш индепендент на почетокот на годинава, откри дека дел од помошта оди во проекти како што се нова пумпа за базен за амбасадорот на Уганда, за нови униформи за возачите во Малави, и за нова машина за садови за шефот на мисијата во Зимбабве.

7. Финска
- Меѓународна помош како процент од БДП: 0,53 %
- Вкупна меѓународна помош: 1,32 милијарди долари
- Социјални трошоци: 29 %

Во секоја од изминатите четири години, Финска потрошила повеќе од 0,50 отсто од својот БДП на помош, со што се смести меѓу најдарежливите донатори мерени според ОЕЦД. Сепак, долгот на земјата расте, а владата во минатата година влезе во дефицит. Помеѓу 2011 и 2012, Финска ја намалила помошта од 1,41 милијарди на 1,32 милијарди долари. Финска исто така издвојува голем дел и за своето население. ОЕЦД проценува дека Финска во минатата година потрошила 29 отсто од својот БДП на социјала.

6. Обединетото Кралство
- Меѓународна помош како процент од БДП: 0,56 %
- Вкупна меѓународна помош: 13,66 милијарди долари
- Социјални трошоци: 23,9 %

И покрај значајното намалување на помошта од 13,83 милијарди долари во 2011, на под 13,66 милијарди долари во 2012, Обединетото Кралство се рангира како втор по висина обезбедувач на помош за развој, и се зад САД. Но за разлика од САД, Британија дава значајно поголем дел од својот БДП за да го охрабри развојот во странство, со 56 отсто од БДП наспроти 0,19 проценти на САД.

5. Холандија
- Меѓународна помош како процент од БДП: 0,71 %
- Вкупна меѓународна помош: 5,52 милијарди долари
- Социјални трошоци: 24,3 %

Помеѓу 2011 и 2012  холандската странска помош падна од 6,3 милијарди на 5,5 милијарди долари. Земјата се соочува со се поголем долг како процент од својот БДП. Холандија најави дека ќе скрати скоро една милијарда евра од својот буџет за помош за странство, почнувајќи од 2017 година.Т рошоците за социјална помош застанаа на 24,3 отсто од БДП во 2012, бројка која од 2008 наваму расте, кога изнесуваше само 20,9 % од БДП.

4. Данска
- Меѓународна помош како процент од БДП: 0,84 %
- Вкупна меѓународна помош: 2,72 милијарди долари
- Социјални трошоци: 30,5 %

Во 2012, Данска беше една од само петте земји кои ги остварија или надминаа очекувањата од помошта за развој на Обединетите Нации, проценета на 0,7 % од БДП. Данската влада во 2012 потрошила голем дел од БДП на социјални програми во земјата, кои достигнале околу 30,5 % од БДП.

3. Норвешка
- Меѓународна помош како процент од БДП: 0,93 %
- Вкупна меѓународна помош: 4,75 милијарди долари
- Социјални трошоци: 22,1 %

И покрај тоа што е средна по големина европска држава, Норвешка дала 4,75 милијарди долари во помош во 2012, што е 11-то највисоко од сите земји. Желбата да помага Норвешка во 2012 ја чинело околу 44,7 отсто од нејзиниот БДП.

2. Шведска
- Меѓународна помош како процент од БДП: 0,99 %
- Вкупна меѓународна помош: 5,24 милијарди долари
- Социјални трошоци: 28,2 %

Во 2012, Шведска дала 1,02 отсто од својот БДП на помош, што е всушност највисоко од сите земји. Во изминатите 10 години, Шведска дала највисок процент од својот БДП за помош од било која друга земја во светот за последниве пет години. Покрај ова, во обезбедувањето даржелива помош, шведската влада во 2012 искористила 28,2 проценти од својот БДП,

1. Луксебмург
- Меѓународна помош како процент од БДП: 1,00 %
- Вкупна меѓународна помош: 432 милиони долари
- Социјални трошоци: 23,3 % (

Минатата година, ниту една земја не дала повеќе во смисол на процент од својот БДП, отколку Луксембург. Помеѓу 2011 и 2012, владата ја зголемила својата официјална помош за развој од 409 милиони на 432 милиони долари.

текстот е преземен од Волстрит џурнал

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »