речник контакт

Најмалку посетувани, но не и посакувани, земји во светот

Додека милиони луѓе одат на проверени места, вреди да се обиколат и некој помалку познати дестинации за кои доаѓањето на туристите е вистински настан. Некои од овие имиња можеби сте ги чуле единствено при дефилето на отворањето на Олимписките игри. Која е државата која лани примила само 1,1 илјади гости

Петар Печков

 Ова според статистиката се  15-те најмалку посетени држави на светот.

15 Мавританија (Mauritania)  Годишно туристи : 30.000

Зошто луѓето не ја посетуваат: Мавританија е сосед на познати туристички дестинации Сенегал и Мароко, но сепак таму има малку посетители. Можно причина во земјата нема банкомати, на која гостите се имаат навикнато.

Зошто вреди да се посети: Поради прекрасните плажи. Песокот е од Сахара и од Атлантскиот океан, одморот не може да биде лош.

14. Гвинеја Бисао (Guinea-Bissau)  Годишно туристи : 30.000

Зошто луѓето не ја посетуваат: Гвинеја Бисао како и поголемиот дел од државите на Западна Африка, пати од периодични граѓански немири, последниот беше лани. Сиромаштијата е се поприсутна а слободното движење е најблаго речено предизвик.

Зошто вреди да се посети:  Големата тајна Бижагош Архипелагот, (Bijagos Archipelago),  низ од острови со бели плажи.

13. Бутан  (Bhutan)  Годишно туристи : 28.000

Зошто луѓето не ја посетуваат: Проблем е што оваа земај можат да ја посетат ограничен број на туристи.

Зошто вреди да се посети: Привлечни се Хималаите и културата на населението, кој е без малку изолиран од светот.

12 Чад  (Chad)  Годишно туристи : 25.000 

Зошто луѓето не ја посетуваат: Вруќините неиздржливи, визите ограничени, патиштата опасни.
 
Зошто вреди да се посети: Имаат импресивни пустински пејзажи, под услов ако не ви пречат вооружени луѓе околу Вас.

11. Американска Самоа (American Samoa)   Годишно туристи: 25.000
 
Зошто луѓето не ја посетуваат: За разлика од нејзиниот независен брат Самоа чија популарност расте, Американска Самоа е далеку од индустријализирана земја.
 
Зошто вреди да се посети: Убави плажи и занимливи предели, интересни локации од праисторијата


10. Комори  (Comoros)  Годишно туристи: 15.000

Зошто луѓето не ја посетуваат: Поради честите војни удари и нестабилноста и строгото почитување на исламските традиции, жени на купаќи нема, нема ниту алкохол за гостите. Штета затоа што соседи им се Маурициус и Сејшелите.
 
Зошто вреди да се посети: На овој остров не недостигаат природни убавини

9. Соломонови острови  (Solomon Islands)  Годишно гости: 14.000

Зошто луѓето не ја посетуваат:  Поради повеќегодишните граѓански судири, островите имаат репутација на несигурно место. Маларија, лоша инфраструктура и само неколку неделно меѓународни летови не придонесуваат за  популарноста на државата.

Зошто вреди да се посети:  Острвите имаат огромен потенцијал за авантуристички туризам. Главен адут е ронењето, прекрасни места за сурфање, спектакуларни вулкани и водопади

8. Централно Африканска Република  (Central African Republic)  Годишно туристи: 14.000

Зошто луѓето не ја посетуваат: Заради насилничката репутација а ниту соседните држави не се на добар глас. Летовите се скапи, владее екстремна сиромаштија.
 
Зошто вреди да се посети: Поради резерватот Џанга Санга на југозапад од земјата, каде има многу горила и слонови.

7. Сао Томе и Принсипе  (Sao Tome and Principe)  Годишно туристи : 12.000

Зошто луѓето не ја посетуваат: Многу малку познато на туристичките мапи, иако земјата нема проблеми како останатите на списокот.
 
Зошто вреди да се посети:  Опуштен начин на живеење, одлични услови за ронење, многу диви животни.



6. Туркменистан ( Turkmenistan)   Годишно туристи : 8.000

Зошто луѓето не ја посетуваат: Добивањето на визи е голема компликација.

Зошто вреди да се посети : Шаренолики кањони, црн пустински песок. Желните за авантура можат да го истражуваат Туркменистан

5. Молдавија (Moldova)  Годишно туристи: 7.000

Зошто луѓето не ја посетуваат: Молдавија е најсиромашната европска држава.

Зошто вреди да се посети: Имаат одлично вино а Криковски комплекс е најголемиот вински подрум на светот.



4. Маршалски острови (Marshall Islands)  Годишно туристи: 6.000 

Зошто луѓето не го посетуваат: Изолација и недостаток на врски со останатиот дел од светот.

Зошто вреди да се посети: Ги има сите артибути за рајски остров – лагуна, корали, пријатни мештани, место за ронење

3. Таџикистан (Tajikistan)  Годишно туристи: 4.000

Зошто луѓето не го посетуваат: Таџикистан е толку далеку, што кај луѓето ја убива желбата да стигнат таму. При тоа постапката за добивање виза е така комплицирана, што не чуди дека туристите ја избегнуваат земјата.

Зошто вреди да се посети:  Спектакуларни планини во комбинација од историски и културни влијанија на исламот, христијанството, хиндуизмот и будизмот.

2. Кирибати  (Kiribati)  годишно туристи: 3.900

Зошто луѓето не ја посетуваат: Картата на Кирибата изгледа како по неа некој д а посипал конфети. Оди снајди се во таква ситуација на островчиња посипани по Тихиот океан. 

Зошто вреди да се посети: Едно од островите стана популарно во 1999 година, кога таму  први во светот го  пречекаа новиот милениум. Место создадено за ронење и риболов



1.  Тувалу (Tuvalu) годишно туристи: 1.100 

Зошто луѓето не го посетуваат: Се предвидува дека ова земја прва ќе исчезне под  брановите кога глобалното згревање ќе ја покријат. И тешко се стигнува од овие острови. 

Зошто  вреди да се посети: Има преубави сини лагуни

Извор Б-92

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »