речник контакт

Најмногу пожари, изгорени дрва и опожарена маса има во Велешко

За да се намалат штетите од пожарите потребно е да се работи на терен со населението, кое е најчест и најголем предизвикувач на огнената стихија бара директорот на ЈК Шумско стопанство Бабуна од Велес.

Петар Печков

За да се намалат штетите од пожарите потребно е да се работи на терен со населението, кое е најчест и најголем  предизвикувач на огнената стихија бара директорот на ЈК Шумско стопанство Бабуна од Велес. Ова откако подрачјето кое тие го покриваат е на врвот во земјава според изгорена површина, опожарена дрвна маса и по бројот на пожари.

- Ваквата состојба е присутна десетина години, не е инцидентна појава. Од  неславното прво место по сите овие параметри, регионот на велешко мора да се симне. Пожарите предизвикуваат огромна материјална штета, затоа е потребно кај населението  да се подигне свеста  за тоа да не ја уништува шумата и дрвјата – изјави Петре Тутарков, директор на ШС Бабуна.

Најзагорозена е општина Чашка, на чија територија се регистрирани 99 отсто од шумите во регионот па тука се најчесто и пожарите. Како илустрација за  надминувње на состојбата и за сработеното Тутарков посочи дека минатата година тие посадиле 220 хектари со 540 илајди садници најчесто чемпрес, бор и јавор а годинава треба да пошумат 90 хектари. И додека од една стана тиe зазеленуваат, други уништиваат. Со различни методи кои дел од граѓаните ги практицираат, крајна цел е да се исече шумата.

- Пожарите се подметнуваат со друга скриена намера. Огнот се пали на еден дел од планината и кога тој ќе вивне, таму се сите екипи од пожарникари, полиција, шумски работници а другиот дел од планината е слободен за крадците. Така тие можат непречено да ги сечат дрвата, додека сите се сконцентрирани на гаснење на пожарот. Има случаи кога шумата се гори и за да се обезбеди простор за пасиште, бидејќи ова е сточен крај – велат шумарските работници. Од нивната работа пак е незадоволно месното население. Тие за пример го посочуваат револтот и отпорот кон вработените во Шумското стопанство, бидејќи сметаат дека тие ја уништуваат инфраструктурата, земјените патишта со тешките претоварни камиони, со кои се превезува исеченото дрво. Како резултат на тоа се случуваат блокади на овие возила. Проблем има и со сопствениците на приватни шуми.

- Кога ќе се случи пожар на шумата, која е наша приватна сопственост, надлежните не ни дозволуваат истата да ја исечеме и користиме, со образложение дека таа за некое време можела да се обнови. Како може приватана сопственост да не можеме да ја поседуваме – вели Трајче Стаменковски, претседател на локалниот разгранок на приватните сопственици на шуми. Проблем има и со разграничувањето чија е сопственоста на парцелите, на приватници или државата, на ЈП за стопанисување со пасишта или на ЈП Македонски шуми, бидејќи конфликтите доаѓаат токму поради ова, потсетуваат шумарските стручњаци. Крајниот резултат од оваквата состојба е неславното прво место по уништена шума за регионот на Азот, во срцето на Македонија.       

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »