речник контакт

Најстара фотографија на светот, на која има човек

Црно-бела фотографија на која е прикажана сцена на напуштен град, се смета за најстара снимка на која се појавува човек

Петар Печков

Фотографијата е направена во Париз во 1838 година. На фотографијата се наоѓа човек, која е многу тешко да се забележи на прв поглед, кој како да ги чисти своите чевли. Се претпоставува дека тука е и друга личност, уличен чистач на чевли, иако е многу тешко да се одреди дали на фотографијата навистина има еден човек или пак двајца.

Автор на фотографијата е Луј Дажер, познат француски фотограф, кој е пионер во изработката на фотографии со посебна техника со користење сребрен слој („Дажеротип“).

Времето на експозицијата изнесувало седум до десет минути. Улиците делуваат празни, затоа што додека човечките фигури стоеле мирно, другите подвижни објекти, односно пешаците и кочиите, останале незабележани на фотографијата поради нивно движење, вели Аманда Урен од порталот Ретронаут.

Делот од градот кој е на фотографијата е булеварот Темпл, урбано модно место во тогашен Париз, алеја на продавници, кафулиња и театри.Оваа фотографија меѓутоа не најстарата зачуван. Таа титула и припаѓа на делото на партнерот на Дажер, Жозеф Несефор Нипсе, кое е направено во 1826 или 1827 година.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »