речник контакт

На езеро Младост уловен амур капиталец од 27 кг

Продолжуваат велешките рибарски приказни, ама вистински

Петар Печков

Продолжуваат велешките рибарски приказни, но вистински документирано со фотографии.  Ако пред еден месец на Вардар се улови амур капиталец од 18,3 кг, на велешко езеро деновиве е уловен повторно амур. Но  овој за разлика од претходниот е далеку потежок и покрупен. Тежок  е цели 27 кг. а  го уловил Благој Панов. 

Цели два и пол часа се обидував да го изнесам од водата. Се намачив па ми помогнаа некои момчиња, кои дојдоа  со чамец.  Го уловив на царевка, како и другите риболовци. Не кријам амурот беше фатен на езеро Младост – вели Благој.  

Капиталецот од 27 кг.  бил  искористен како  мени за на маса за пријателите и блиските. Панов во неговиот долг риболовен стаж може да се пофали и со повеќе уловени сомови а некои тешки и до 40 кг. некои на езеро други на Вардар. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »