речник контакт

На првата акција година собрани 109 единици крв

Од 109-та дарители, осумина за прв пат даруваат крв, 92 биле мажи и 17 жени. Лани во истата акција беа собрани 71 крвна единица

Петар Печков

На првата организирана крводарителска акција, годинава одржана во Велес, во средата  се собраа 109 крвни единици.  

Ја организираше Општинскиот Црвен крст,  заедно со Заводот за трансфузиона   медицина од Скопје.

Од 9 до 14ч. во фоајето не велешки театар, бројни крводарители ја подадоа раката. Имаше доста млади лица  кои даруваа драгоцената течност. Од 109-та дарители, осумина за прв пат даруваат крв, 92 беа мажи и 17 жени. 

Организаторот е задоволен од одѕивот, бидејќи сподребено со лани, со истата акција кога беа собрани 71 крвна единица, сега бројката е за половина поголема.  

АНКЕТА »

Кој ќе биде новиот светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »