Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 мај 2026
Ha вчерашната крводарителска акција одржана во црквата Св. Кирил и Методиј во Велес беа собрани 50 крвни единици, од нив седум се првократни дарители. Ова е прва крводарителска акција одржана во православен храм.
„Успешно е реализирана првата крводарителска акција во организација на Повардарската епархија, која се одржа во црквата „Св. Кирил и Методиј“. Сите дарители со своето хумано дело придонесоа за спасување на човечки животи“ – соопшти Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес
Акцијата за крводарување „Да спасиме живот“ се одржува во чест на празникот 24 мај на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј во административните простории на оваа црква
Акцијата е заеднички реализирана со ОО Црвен крст Велес, Повардарската епархија МПЦ –ОА и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Фото ОО Црвен крст Велес
| Tweet |






