речник контакт

На секое дете му треба семејство

Во велешко има 11 згрижувачки семејства каде моментално се сместени 27 деца

Петар Печков

Во Младинскиот парк во Велес  беше промовирана кампањата „На секое дете му треба семејство“. УНИЦЕФ за Македонија и Министерството за труд и социјала преку нивните претставници  дојдоа за да ги поттикнат  граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување. За кампањата говореше Бенџмин Перкс,претставник на канцеларијата на УНИЦЕФ.

Цел на оваа кампања е секое дете во Македонија да израсне во семејно опкружување. Некои деца вечерва ќе си легнат во кревет во некоја установа, без некои од установата која ги згрижила да знае колку години имаат, нивната судбина, како им оди на училиште. Тие не ја добиваат љубовта од која произлегува среќа, топлина и поддршка за соодветен развој. Доколку успееме да привлечеме нови стотина згрижувачи низ Македонија би можеле да го решиме проблемот и ниту едно дете не треба да расте и живее во некоја установа - рече Перкс. Во поширокиот велешки региона моментално има 11 агрижувачки семејства каде се сместени 27 деца.  

Згрижувањето претставува привремено сместување на дете во одредено семејство, што е алтернатива на живеењето во институција.  Да се биде згрижувач е благодарна работа,. Навечер кога насмевката на  детето кое е згрижено, ќе допре до срцето тогаш  се олеснуваат сите потешкотии   кои се појавиле во текот на времето минато со тоа дете.  Да појаснам кога се зборува за згрижување на дете тоа се однесува на деца кои во моментот ќе се најдат во положба кога им е потребна помош и поддршка. Тоа се деца од семејства со нарушени односи, деца кои се нашле со семејства во ризик- немање стан, тешка материјална состојба,  смрт -болест- отсуство на родител,   ако родителот  замине на одлежување казна, времено се нашле во тешка состојба и потребен им е дом.  Затоа ни се потребни згрижувачки семејства луѓе кои имаат хуманост во себе, топлина, човечност,  сакаат да ги отворат своите домови - порача Нада Трајкова координатор  згрижувачките семејства при  Центарот за социјални работи во Велес. 

Таа ги повика граѓаните кои сакаат да се вклучат во оваа благородна акција да се јават на контакт телефонот 15 133. Пред присутните се обратија и две лица од згрижувачките семејства. Марика Новакова од Градско кажа за тоа како започнала.

 Бев стечаец, седев дома и решив да се јавам за да бидеме загрижувачко семејство.    Моите не веруваа во тоа. Кога стиган дома првото дете, не знаеме што и како да постапуваме. По некое време дилема си велам, што работам со моите деца, така ќе работам и со него. Така започнав и веќе 13 години продолжувам. Тоа ме исполнува и секоја насмевка од нивното лице е благодарност за мене - рече Марика.  

Исмаил Дурмишовски од Велес пак рече дека тој бил стечаец кога започнал со сопругата како згрижувачко семејство. За овие изминати 14 години  одгледале   37 деца. И неговиот син, со кога живеат во иста куќа  згрижува деца и заедно со внуците имаат девет деца кои моментално  ги одгледуваат и растат. 

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »