речник контакт

Невообичаено за ноември, четири дена шумски пожар гори кај Мокрени

Од шумското ги предупредуваат ловџиите да не оставаат оган зад себе, ловџиите велат викендот таму имаше и мотористи

Петар Печков

Четири дена од понеделникот до четвртокот навечер пожар  зафанал површини во околината на село Мокрени.   Станувало збор за т.н. подземен пожар, во кој горат паднати сиви  лисја и дрвја, не стоечка дрвна маса. За ова реагираат од Шумското стопанство ,,Бабуна,, од Велес и упатуваат добронамерен апел до ловџиите, кои според нив  го предизвикале пожарот.  Шумскиот пожар се појавил во раните утрински часови во понеделникот, а бил локализиран четвртокот попладне.   

 Четири дена  20-тина вработени од Шумско стопанство Бабуна, наместо на работни задачи го прекинаа производниот процес, беа на терен да го локализираат пожарот.  Бидејќи во викендите овие реони  се посетени од ловџии, кои легално ловат крупен дивеч а теренот изобилува со него, честа е појавата  по нивното заминување да се појават помали задимувања, кои  во претходниот период успешно сме ги гаснеле. Сезонава нема дождови, па се запалува листецот и се појават шумски пожари за во ноември  што е невообичаено.     Викендов ќе има дежурства за да не се случи нешто слично , но и да ја сочуваме шумата во околината на Мокрени која има високо квалитетни букови и дабови насади и голема штета е да бидат уништени од пожари. Затоа апелирам  по завршувањето на ловниот ден, внимателно да ги изгасната огништата кои ги палат за храна, загревање за да немаме ситуација да гаснеме пожар во зимски период - рече Љубенка Попова директор на ШС ,,Бабуна,, од Велес. 

Од ловното друштво Руен  потврдуваат дека изминатиот викенд имале голем број ловџии на теренот околу село Мокрени, но сметаат дека можеби пожарот го предизвикал некој друг.    

Во периодот за кој се нагласува дека се случил т.н. подземен пожар на паднатата лисна и дрвна маса, на теренот по шумата околу Мокрени имаше голем број на мотористи кои возеа низ овој предел. Но имаше и овчари кои ги симнуваа  овците од планина, така што факт е дека викендот имаше многу народ во шумата околу Мокрени - информираа од Ловното друштво Руен Велес.      

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »