речник контакт

Невработените млади велешани навалија да бидат полицајци

Невообичаено голем интерес по конкурсот на МВР. Кандидатите не треба да бидат постари од 25 години и не пониски од 175 м /165 ж цм

Петар Печков

 Голем е  интересот кој младите невработени велешани го покажаа за аплицирање по конкурсот на МВР. Тоа се забележуваше во Основниот суд во Велес од каде потенцијалнте кандидати ги добиваа дел од потребните документи а тамошната администрација имаше полни раце работа.

    МВР во понеделникот распиша  конкурс за прием на 400 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи.

Невработен сум, ги исполнувам условите, зошто да не пробам. Добра работа, сигурна плата. Вреди да се конкурира – вели млад двесетгодишен велешанец, кој ќе конкурира  на конкурсот.

Не прецизираше дали ќе може да одговори на потребните физички нормативи. За мажи  тоа се 60 стомачни, 55 склекови, трчање на 3200м за 13,30 минути и 10 згибови на вратило а за жени 60 стомачни, 27 склекови и 3200м за 16,30 минути или други физички проверки  кои ќе ги побара  Комисијата. 

Меѓу бројните млади кои доаѓаа да добијат документ  со кој докажуваат  дека  со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, имаше интерсни ликови. Млади  момчиња со обекти, модерни фризури во боја, кои ако бидат примени во потесен избор, ќе мора да го менуваат нивниот имиџ. Велат подготвени се и на тоа, само за да дојдат до работа. 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Македонија, да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот, да има завршено најмалку четиригодишно средно образование, да е здравствено и психофизички способен. Како и  следните посебни услови  телесна висина од најмалку 175 см. за маж (што кај дел од кандидатите од око се забележуваше дека не го исполнуваат) , односно 165 см. за жена и висока лична физичка подготвеност.

Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во  Сектор за внатрешни работи Велес. Пријавувањето завршува на 17-ти октомври.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »