речник контакт

Недела во 2 часот се поместува стрелката на 3, спиеме еден час помалку

Летно сметање на времето

Петар Печков

Летното сметање на времето годинава ќе започне во недела на 30 март во 2 часот изутрина, така што стрелките на часовникот се поместуваат за еден час нанапред, односно на 3 часот.

Летното сметање на времето секогаш почнува во последниот викенд во март и трае се до последниот викенд во октомври, кога стрелките се поместуваат за еден час наназад, од 3 на 2 часот.

Целта на летното сметање на времето е подобро да се ускладат часовите на дневна светлина и работното време и наставата во училиштата. Наместо раната утринска дневна светлина додека луѓето уште спијат, останува еден час повеќе дневна светлина за поручек, за да се заштеди електричното осветлување.

Во Македонија, како дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983 година  а од 1996. е регулирано со Закон за сметање на времето.

Додавањето на еден час дневна светлина попладне генерално им оди во прилог на продавниците, спортските активности, земјоделството и други дејности кои се поврзани со дневна светлина. Исто така се заштедува електрична енергија со намалувањето на периодот на вештачко вечерно осветлување.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »