речник контакт

Недела во 22 и 44 започнува есента

Според метеоролозите не очекува убава, топла пријатна есен без некои сериозни заладувања

Петар Печков

Во недела на 22 септември, во 22 часот и 44 минути по средноевропско време, започнува есента. Тој ден на северната хемисфера е есенска рамноденица, а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта), односно денот и ноќта траат подеднакво (еквиноциумски ден).

Поточно поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите зраци низ неа, на 22 септември денот ќе трае за околу 10 минути подолго (вистинска рамноденица ќе биде на 24-25 септември).
Оддалеченоста на Земјата од Сонцето ќе биде околу 150,1 милиони км или близу просечната вредност.

Есента ќе заврши на 21 декември во 18 часот и 11 минути. Тогаш на северната полутопка почнува зимата и овој ден е познат како зимски солстициум или зимска краткодневица. Од недела, постепено до 21 декември ноќта ќе се зголемува до 15 часа, а денот ќе се намали на само 9 часа. Во исто време, додека на северната хемисфера почнува есента, на јужната пак започнува пролетта

Според метеоролозите не очекува убава, топла пријатна есен без некои сериозни заладувања.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »