речник контакт

Недела 29-ти март се поместува часовникот

Спиеме еден час помалку. Неколку совети како организмот да го привикнеме на новото време на живеење

Петар Печков

Овој викенд  започнува летното сметање на времето. Во недела, 29-ти март, во 2 часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, во 3. Таа ноќ ќе имаме еден час помалку за спиење.

Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем.

Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври.

Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На јужната полутопка почетокот на летното време е обратен од северната.Специјалистите за сон осмислиле план како да ја спречи сонливоста и сите можни незгоди:

Неколку дена пред 27 март одете 10 минути порано во кревет, и наредните денови секоја вечер легнувајте 10 минути порано во кревет отколку вечерта претходно. До сабота постепено ќе се подготвите за спиење еден час порано.

6 часа пред спиење не консумирајте кафе. Чувствителните на кофеин би можеле да останат будни подолго, затоа би требало да го испијат кафето подоцна во текот на денот.

4 часа пред спиење немојте да пиете алкохол. Мислите дека поради алкохолот е полесно да заспиете? Всушност, алкохолот го одложува длабокиот сон кој е неопходен за да се чувствувате свежо наутро и го забавува сонот. Би било уште подобро доколку од алкохолот се откажете во потполност една недела пред преминувањето на летното време.

 2 до 3 часа пред спиење поместете ги стрелките на часовникот. Не чекајте стрелките на часовникот да ги поместите в недела наутро кога ќе се разбудие. Ако го направите тоа навечер, ден порано, промената на времето нема да ви биде толку голем шок.

1 час пред спиење „одлогирајте се“. Исклучете го сите електронски апарати – без интернет, односно Фејсбук, телевизор или мобилен телефон. Оваа вечер никако не е добра за пишување имејлови или „четување“ на Фејсбук.

1 час пред спиење немојте ништо да пиете. Не консумирајте течности бидејќи на тој начин би можеле да го попречите сонот и да се будите порано поради полниот мочен меур.

1 час пред спиење намалето го светлото во домот. Сега добро време е и да ги исклучите поинтензивните извори на светлина и да создадете релаксирачка атмосфера. Почнете да читате книга, пуштете смирувачка музика или опуштете се во топла купка во када.

1 час пред спиење намалете ја температурата. Исклучете го греењето ако работи или отворете го прозорецот така што температурата малку ќе се спушти. Во премногу топла соба би можеле да се будите во текот на ноќта.

 Спијте во потполен мрак. Сите извори на светлина треба да ги исклучите, дури и малиот дигитален, како што е будилникот. Спијте во целосен мрак.

1 час по будењето уживајте во сонцето (секако, доколку е сончево тој ден). Изложувањето на силен извор на светлина веднаш наутро го прекинува излачувањето на хормонот на сонот мелатонинот. Одете на 20 минутна прошетка.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »