речник контакт

Незаборавно патување по „Чудесната вселена“ на децата од градинките (фото)

Традиционалната завршна приредба на децата од „Димче Мирчев“ кои од есен ќе бидат првачиња, ја наполни салата Гемиџии

Петар Печков

Децата од највозрасните групи од градинката Димче Мирчев од Велес,  вчеравечер, вторник приредија незаборавно патување во вселената.

Традиционалната завршна приредба на децата кои од есен ќе бидат првачиња, ја наполни салата Гемиџии. 

Таму  присутните заедно со најмладите патуваа во вселената.  Тие отпатуваа на планетата Марс, и испратија порака да ја зачуваме планетата Земја, да ја чуваме животната средина. 

На овој впечатлив начин, децата  успешно го заокружија предучилишно воспитание и од есен почнуваат со нова обврска, учењето. 

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »