речник контакт

Незадоволен оти бил казнет со глоба од 800 евра за непочитување полициски час, се жалел па добил повисока казна од илјада евра

Двајца обвинети од 22 на колку им е изречена глоба, не биле задоволни од изречената парична казна

Петар Печков

Двајца обвинети поднеле приговори, по донесените пресуди на Основен суд Велес, за непочитување на полицискиот час во периодот од 30-ти март до 16-ти април 2020 година .   

Тие  не биле задоволни од изречената казна, глоба во висина од 800 евра или  40 дневни глоби  од  по 20 евра, затоа што биле виновни за  стореното  кривично дело  „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.“ 

За едниот од нив му е изречена нова парична казна, но овој пат  повисока од претходната, наместо осумстотини  ќе треба да плати глоба во висина од илјада евра.

Тој пред судот се бранел дека задоцнил само пет минути, оти тренирал на Градски стадион а бил професионален фудбалер во соседна Албанија и се наоѓал на неколку минути од дома кога бил стопиран на мост Гемиџии, од страна на полицијата. Згора на тоа го уверувал судот дека бил од угледна фамилија. Судот му изрекол повисока казна од таа што била претходно изречена.     

Во овој период Основен суд Велес изрече 22 парични казни, сите во висина од по 800 евра глоба, за непочитување на полицискиот час и една условна затворска во траење од 3 месеци, која  нема да се извршува доколку обвинетиот во време од една  година не стори ново кривично дело.    

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »