речник контакт

Некогашниот хотел Вила Зора нов дом на Техничко -Технолошкиот факултет во Велес

400 студенти на ТТФ добија нов современ простор за студирање

Петар Печков

 Некогашниот Хотел Вила Зора во Велес  доби нова намена, дел од него сега е Техничко  -Технолошкиот факултет при Универзитетот Св. Климент Охридски.  На почетокот од новата  академска година свечено беше предаден во употреба факултетот со  седиште во Велес.   Некогашните ресторани сега се преадаптирани во  четири предавални,  три лаборатории, еден компјутерски центар, канцеларии за администрацијата.

Новина е што добивме техника со  која ќе можат професорите да одржуваат далечински предавања на дисперзираните настави во Кичево и Битола. Така ќе се скрати потребата од патување на професорите.  Неспоредлива е разликата од  досегашните услови каде досега работевме и бевме потстанари и овие нови – изјави доц. д-р Валентина Павлова, декан на  Техничко  -Технолошкиот факултет.

Новата учебна студентска година во новиот објект ја започнаа 55 бруцоши на двата смера нутриционизам и биотехнологија.  На Техничко –Технолошкиот факултет во Велес студираат 400 студенти, за пет години дипломирале 36 студенти  а веќе 30 од нив се запишале на постдипломски. 

Благодарен сум што општина Велес се реши да ни го додели просторот. Иако имаше понуди за повеќе институции од Скопје за  овој простор, тие беа скептични. Ние бевме храбри, се одлучивме го прифатиме предизвикот. Требаше многу време  и енергија за да  комплетно се  обнови  некогашниот хотел, за сега да биде Факултет. Среќен сум што создадовме нов простор за работа на наш факултет – рече Златко Жоглев ректор на  Универзитетот Св. Климент Охридски. 

Целосната адаптација и реновирање на објектот Министерството за образование го чинеше 6 милиони денари а министерот Спиро Ристевски најави дека   овој објект треба да биде во иднина и Студентски кампус со  сместување и исхрана на студентите од страна кои престојуваат во Велес на некои од петте факултети, кои работат во градот. 

Во досегашната зграда каде  студентите  на ТТФ посетуваа настава, останаа двата факултети од Битолскиот Универзитет, кои имаат дисперзирана настава во Велес, Факултетот за туризам и угостителство  од Охрид и Техничкиот факултет од Битола.

Во Велес дисперзирна настава има и Правниот факултет од Скопје чии предавања се одржуваат во зградата на локалната самоуправа и на Економскиот факултет од Скопје  чии студенти дисперзирана настава  следат во Економското училиште. 

Општина Велес го преотстапи некогашниот хотел Вила Зора, кој беше изграден со средства на Фондот на ПИОМ и Здружението на пензионерите од Велес, пред три децении. Освен Фондот на ПИОМ кој неговиот дел од 40 отсто го претостапи на Минстерството за образование и Здружението на Борци  од НОБ од Велес нивните 60 отсто ги отстапија во интерес на идните млади  генерации.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »