речник контакт

Некогашниот хотел Вила Зора цел на бездомници и крадци

Наместо туристи, во некогашниот хотел Вила Зора неповикани гости се крадци и наркомани. Наместо сјај и жагор, гробна тишина и слој прашина еден прст, таква е моменталната состојба во некогашната гордост на градот.

Петар Печков

Хотелот кој престана да работи во декември минатата година, откако дотогашниот управител АД Киро Ќучук, поради финансиски проблеми се повлече, сега е празен и пуст. Единствено во него се канцелариите на Сојузот на Борците и на трудовите инвалиди,  кои привлекуваат едвај по некој посетител во текот на денот. Затоа пак неканетите гости често престојуваат во него и го крадат или уништуваат имотот. Ваквите појави се чести и секојдневни и покрај обезбедувањето во објектот. 

 

 Хотелот е оставен на криминалците кои  крадат, бездомниците во него да спијат, наркоманите да се дрогираат. Секое утро кога доаѓаме гледаме дека некаде е провалено, но не можеме да кажеме што е украдено, бидејќи кога некогашниот корисник си одеше, не направивме примопредавање па не знаеме што се остана. Штетите се големи, бравите  со вратите се искршени, чуварите не можат да ги откријат – вели Кицо Саздовски, претседател на Сојузот на Борците, кои останаа да внимаваат на објектот, бидејќи сметаат дека имаат право на дел од него.

 

Правно се уште се води битка за сопственоста, откако неодамна второстепената владина комисија потврдила дека некогашниот Пензионерски дом потоа Хотел, е сопственост на општината во согласност со делбениот биланс донесен во 1999 година. Но Борците и натаму продолжуваат со нивната борба, сега преку Уставниот суд,  да докажат дека и тие имаат удел во него и тоа 60 отсто бидејќи кога бил граден со толку пари учествувале а со 40 отсто учествувал Фондот на ПИОМ. Токму поради ова учество на  Фондот,   тие испратија обезбедување кое дежура во ноќната смена.

 

Но со оглед на огромната површина со кој располага  објектот, ангажираните не можат да ги фатат ноќните  неканети посетители. Тие ги знаат тајните влезови и секоја вечер се присутни во собите, каде спијат, јадат, пијат а има и остатоци од нарко- сеанси, шприцови, игли и пакувања од дрога. И велешката полиција ги знае овие проблеми.

        

Во прво време обезбедувањето успеваше да се справи со крадците, но сега не е така. Зошто е така, тие знаат, но не можеме ние физички да го обезбедиме објектот. Во согласност со нашите можности  ќе испратиме патрола, но не можеме 24 часа да го чуваме – изјави Александар Костовски командир на велешката полиција, откако и  членовите на општинскиот Совет реагираа и бараа да се сопре, преку кражба, отуѓувањето на општинскиот имот.  

 

Хотелот располагаше со 160 легла во 60-тина соби и имаше три ресторан сали за 500 гости и голема летна бавча, а  изграден е во 1985-та година. Откако тој престана да работи во Велес нема хотел, за сместување туристите и посетителите мораат да патуваат во блиските сместувачки капацитети, кои се неколку километри подалеку од градот.

 

Иста ваква тажна судбина имаше и другиот хотел во градот ,,Интернационал,, кој беше опустошен од крадци кои го испразнија крадејќи ги металните делови, радијаторите, креветите, завесите, ќебињата, иако беше во центарот на Велес, па тој не работи четири години.

 

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »