речник контакт

Некогашните команданти во АРМ со апел да се зголеми бројот на војници доброволци

Имавме по 500 војници регрути, сега се по 50-60 лица - вели пензионираниот генерал потполковник Адил Газафер

Петар Печков

Македонската држава, Армијата, Владата да сторат се за да има поголем број на војници  доброволци на служење воен рок во АРМ. Ова е идентично мислење на некогашните команданти на Командата за обука и доктрина.  Ова беше кажано на воената свеченост, која се одржа во велешката касарна Алексо Демниевскии Бауман,  по повод денот на Командата за обука и доктрини, 15-ти април. Под надлежност  на КОД  е обуката на граѓани кои доброволно отслужуваат воен рок.

Има голема разлика од 2000-та година, кога писта беше полна со регрури. Под 500 војници никогаш не беше оваа касарна. Сега по 18 години едвај по 50-60 доброволци доаѓаат да служат воен рок.  Убеден сум дека кај младите има интерес, но потребно  да се работи  со  нив, да се популаризира армијата. Потребни се специјализирани емисии на телевизиите, по медиумите. Во Армијата треба да знаат дека ќе научат нешто, пред се да бидат човек. Потоа да имаат привилегии да се вработат во АРМ професионално или да имаат предност како лица кои работат на обезбедување во приватниот сектор -  кажа   пензионираниот  генерал потполковник Адим Газафер заменик на првиот командант на КОД Сокол Митревски а по него и командант на КОД. На прашањето како ги мине пензионерските денови објасни дека  учи Кембриџ и посетува петто одделение  со неговата внука.  Идентично мислење има и пензионираниот полковник  Силвие Колариќ, четвртиот командант на КОД кој од Скопје ја префрлил во Велес. 

Пистата некогаш беше полна во војници, денес не е така. Треба нешто да се врати  интересот за доброволно служење војска. Времињата во кои живееме и моменталната состојба, се дека мораме да имаме армија. Нема кој друг да ја брани и армијата мора да опстои - изјави Колариќ. 

Тој кажа дека бил пријатно изненаден кога по осум години пензија, неодамна  бил повикан   во Генералштабот да објасни некои негови идеи кои биле запишани на документ  а сега интересни за реализација.  Бројките покажуваат дека неодамна  на 8-ми март во веелкшатка касарна заклетва даде  34-та генерација доброволци  со 45 војници, лани на 10-ти ноември 33-тата класа имаше 77 војници а на 7-ми јули 32-та генерација имаше 54 регрути.

Денот на Командата е 13 април оти на овој ден стапил во редовите на АРМ нејзиниот прв регрут, велешанецот војник Панче Јамандиев. Тој во касарната во Охрид дошол два дена порано од поканата која ја имал за 15 април.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »