речник контакт

Некогашните порцеленци пак на улица

Раководството на Агенцијата за вработување не ја почитува пресудата на Управниот суд

Петар Печков

Стотина поранешни вработени во Порцеланка протестираа пред ПЕ на Агенцијата за вработувње во Велес. Тие бараат почитување на пресудата на Управниот суд, со  која  треба да добиваат паричен месечен надоместок поради тоа што фабриката каде работеле била во државна сопственост, кога тие биле отпуштени  и заминале на Бирото за вработување.

Имаме пресуда од Управен суд која директорот на Агенцијата за вработување не ја почитува. Се најде некој  кој смета дека е над сето тоа и дека не би требало да добиеме  пари - рече Ѕвонко Самарџиев некогашен вработен во Порецеланка.

Совесно и длабоко ќе се впуштиме во утврдување дали Порцеланка е приватизирана во тој период или не. Се додека не ги испитаме сите тие документи не можеме да излеземе со конечна одлука вели  Анѓел Ѓеорѓиев, раководител на Агенција за вработување во Велес.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »