речник контакт

Неконтролирано се напуштаат домашните кучиња на улиците во градот

Локалната власт ги потсетува граѓаните да ги чипираат нивните домашни миленици. За седум дена два каснувања на кучиња скитници на сограѓани

Петар Печков

Во текот на работата на терен од страна на стручните служби на Општина Велес и пансионот „Гиовски“ кој е  ангажиран за заловување и третман на кучиња- скитници, забележана е појава на неконтролорано пуштање на домашни кучиња на улиците и јавните простори во Велес. Ова го зголемило бројот на кучињата скитници по велешките улици. Поради ова од локалната власт потсетуваат дека сопствениците на домашните миленици треба да се подготват за новата законска обврска, чипирање на миленикот.  

Со цел да се осигура безбедноста на сите граѓани, апелираме до сопствениците на домашни кучиња согласно Законот да ги чипираат своите миленици и да го контролираат нивното движење. Законската постапка за третирање бара време и вклучува сложени процедури за да се обезбеди и благосостојба на животните. Општина Велес во изминатиот период изврши комплетен третман на 40 кучиња-скитници, а во постапка е третирање на дополнителни 20 - стои во писменате инфорамција на Општина Велес. Тие најавуваат дека  продолжуваат да работат на третманот на кучиња согласно Законот.

За секое третирано куче има комплетна документација во која се евидентирани генерални податоци за кучето и извршениот третман. Согласно законот, за секое куче има документ за идентификација во кој е наведен и бројот на маркицата со која е означено. Маркицата е со жолта боја.  Оваа реакција доаѓа откако за само една седмица имаше два случаи на каснување на куче скитник на жители на општината.

Најчесто за ваков случај општината го обесштетува лицето со околу илјада евра паричен надомест, средства од локалниот Буџет.   Но и вакцините кои се пуштаат во случај на каснување од куче скитник се скапи, така што и тие го оптоваруваат Буџетот на ЈЗУ Општа Болница Велес, кажа во една пригода директорот на оваа институција Димитар Стровјаноски. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »